Вести
Египетските салафисти го обвинуваат Западот дека ја создал IS за да го урне Блискиот исток

Екстремната сунитска групација Исламската држава (IS) е создадена од Западот за разурнување на Блискиот исток и нема никаква врска со исламот, вели во интервјуто за агенцијата РИА, челникот на египетската салафитска партија Ан-Нур, Јунес Махјун.
Парламентарните избори во Египет ќе се одржат во две фази, првата е закажана за 18 и 19-ти октомври во 14 покраини, а втората ќе се одржи на 22 и 23-ти ноември во преостанатите 13 региони. Ан-Нур остана единствената партија е создадена на религиозна основа којашто е регистрирана за учество на изборите.
„Исламската држава е екстремна групација, којашто е многу далечна од исламот, којашто нема никаква врска со него. Таа е создадена од Западот за уништување на регионот, неговата поделба и нагрдување на имиџот на исламот. Ние, муслиманите, не сме одговорни за нејзините активности. Партијата Ан-Нур е многу активна во предупредувањето на луѓето да не ѝ пристапуваат на таа група, којашто стана еден од главните предизвици за египетскиот народ и арапскиот свет“, вели Мајхун.
Египет, кој на Синајскиот полуостров војува со исламистичките бунтовници блиски на џихадитичката организација Исламска држава, со тешки напори се обидува да привлече странски инвестиции за да ја закрепне економијата урната во народната револуција од 2011 година кога беше соборен деценискиот автократски претседател Хосни Мубарак.
Најнаселената арапска земја следниот месец треба да ги започне комплицираните парламентарни избори, по долго одложување, што би претставувал последен чекор во процесот, кој како што тврди владата треба да ја врати демократијата во земјата.
Египет се соочува со растечкото насилство на полуостровот Синај, откако на власт дојде поранешниот командант на египетските вооружени сили Абдел Фатах ал-Сиси, кој во летото 2013-та го отстрани од власт првиот исламистички избран претседател на Египет, Мохамед Морси, кој потекнува од Муслиманското братство, откако овој не успеа да воведе мир во земјата по протестите од секуларната опозиција која го обвини за исламизација на земјата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.