Контакт

Вести

Египќаните гласат на вториот круг од парламентарните избори

Објавено пред

Египќаните во неделата гласат во вториот и завршен круг од комплицираните избори, кои по тригодишен застој треба да го вратат парламентарниот живот во земјата којашто од ткн Априлска пролет во 2011 година постојано е потресувана од насилства и промени на властите.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси ги поздрави изборите како пресвртница на патот на кој армијата ја поведе земјата во демократијата. Меѓутоа, во првиот круг од изборите во октомври одѕивот на гласачите беше многу низок – 21.71 отсто, а убедливо најмногу гласови добија кандидатите кои му се лојални на Сиси.

Оние коишто не излегоа на изборите тврдата дека немаат вистински избор, бидејќи исламистичкото движење Муслиманско братство, која е главната опозициска сила во земјата наспроти либералните исламски партии и секуларните, е исклучено откако беше прогласено за организација која поттикнува тероризам и насилство. Стотици нејзини челници, вклучително и поранешниот претседател Мохамед Морси, кого од должноста го отстрани токму Сиси, се во затвори и се осуден и на повеќекратни смртни или долгогодишни затворски казни по обвиненија од предавство, шпионажа па до поттикнување на убиства на демонстранти и припадници на безбедносните сили.

Египет последен пат го избираше парламентот во декември 2011 година, на првите избори по 30-годишното владеење на автократскиот претседател Хосни Мубарак кој беше соборен од власта во февруари истата година со масовните протести. Медиумите забележуваат дека тогаш во редови се чекаше пред избирачките места, младите беа одушевени, а Муслиманското братство освои повеќе од половината од пратеничките места.

Но во времето на Мохамед Морси, Судот го распушти парламентот кон средината на 2012 година, а една година подоцна Абдел Фатах ал-Сиси како претседател на влијателниот Врховен совет на вооружените сили на Египет му даде ултиматум на Морси да ги смири повеќемесечните улични безредија и протести со стотици мртви на опозицијата којашто го обвини дека како припадник на Муслиманското право ги узурпира овластувањата на судовите и оти во египетскиот устав внесува исламистички елементи. Неколку дена по ултиматумот Морси беше отстранет од должноста, откако ја загуби поддршката и од некои помали исламски партии, а приврзаниците на Муслиманското братство започнаа со постојани масовни протести, исто така, со стотици мртви.

Според Муслиманското братство во протестите кои траат од летото 2013 година досега се убиени повеќе од 1.400 негови приврзаници, претежно во главниот град Каиро, а повеќе од 15.000 членови или симпатизери на ова најстаро египетска исламистичка организација основана во 1930-те со тенденција да прерасне во сеарапско движење, се во затворите. Стотици, меѓу нив и Морси, се осудени на смрт на експедитивните и масовни процеси, кои беа критикувани од ОН.

По соборувањето на Морси и Муслиманското движење, Сиси вети дека армијата ќе го гарантира слободното и демократско одвивање на политичкиот процес во земјата. Меѓутоа, засилените терористички акции доведоа да се одржат само претседателските избори во 2014 година, на кои тој надмоќно победи, а парламентарните ќе бидат завршени до крајот на ноември 2015 година.

Новиот египетски парламент треба да има 568 пратеници, од кои 448 се избираат поединечно, 120 преку листи, а самиот претседател може да именува 28 пратеници. Но коментаторите тврдат дека речиси сите кандидати пријавени како независни му се лојални на Сиси, па парламентот ќе биде институција каде што само ќе се утврдуваат неговите одлуки.

„Од љубов кон Египет“ е лојалистичка коалиција која ја води поранешниот офицер на разузнавачка служба Самех Сиф Ељазал ги освои сите 60 места на листите во првиот круг и очекува дека во неделата ќе ги освои и преостанатите 60 места.

Критичарите велат и дека нема понуда, бидејќи листите на партиите на социјалистите и либералите, коишто требаше да понудат можност за вистински избор, се повлекоа оставајќи многу простор за приврзаниците на Сиси, кои се означуваат како личности од „времето на Мубарак“, високи покраински функционери и деловни луѓе./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија2 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Македонија3 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет4 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија4 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија5 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион6 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет6 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет7 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет7 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа7 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија18 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија23 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија24 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија1 ден

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа1 ден

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија1 ден

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион1 ден

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....