Контакт

Вести

Екс бразилскиот претседател Лула тврди дека обвинителите сакаат да му ја уништат политичката кариера

Објавено пред

Поранешниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека државните обвинители кои го обвинуваат за корупција во рамките на големиот скандал во јавната енергетска компанија „Petrobras“, сакаат да му ја уништат политичката кариера.

dobivaj vesti na viber

„Како во телевизиска сапуница, ја направија последната епизода: го избраа Мишел Темер, ја сменија Дилма Русеф (…) и сега сакаат да ја уништат политичката кариера на Лула“, изјави во четвртокот вечерта поранешниот левичарски бразилски претседател, во периодот од 2003 до 2010 година, Луиз Инасио Лула да Силва, на прес-конференција во својата прва изјава по обвиненијата.

Во средата државното обвинителство го нарече „врховен водач“ на голема корупциска мрежа во нафтената државна компанија „Petrobras“. Доколку биде осуден, Лула нема да може да се кандидира за третиот мандат на изборите во 2018 година.

Окружен од многубројни активисти и челниците на неговата Работничка партија (PT), Лула беше поостар отколку што е вообичаено и реле дека „не доаѓа како поранешен претседател, туку како граѓанин кој е гневен поради работите што се случуваат во оваа земја“.

„Докажете ја мојата корупција и самиот ќе отидам во полиција и ќе се предадам“, изјави 70-годишниот поранешен претседател чијашто политичка наследничка Дилма Русеф беше сменета на 31-ви август со гласање во парламентот поради обвинувањата за лажно прикажување на состојбата во јавните финансии./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

ССМ најави можен штрајк на 2 и на 7 април доколку Владата не ги повика на преговори за 500 евра минимална плата

Големи се шансите на втори и на седми април, доколку нема слух од спротивната страна, Сојузот на синдикати на Македонија...

Македонија56 минути

Камбовски: Личен чин е дали членовите на Судскиот совет ќе поднесат оставки или не

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот...

Македонија1 час

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка...

Свет2 часа

Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за...

Топ4 часа

Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден. Првата се случи на магистралниот пат...

Економија4 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука...

Македонија5 часа

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без...

Македонија7 часа

Пендаровски е озборувач, кој покажа дека е против Америка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и...

Македонија7 часа

„Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на ‘Ѓока констракшн’“, прашува СДСМ

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот...

Свет8 часа

(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го...

Европа9 часа

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет9 часа

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет9 часа

Иран: Ќе преговараме со САД, само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет10 часа

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија19 часа

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ21 час

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ23 часа

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија1 ден

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија1 ден

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ1 ден

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....