Контакт

Вести

Експерти сметаат дека малезискиот авион е соборен од ’Су-25’

Објавено пред

Малезискиот „Boeing 777“ кој со 298 патници и членови на екипажот на 17-ти јули над источна Украина во близина на границата со Русија на територија што ја контролираат проруските бунтовници, бил соборен од ракета или од топ на ловец „Сухој Су-25“, пишува во средата малезискиот магазин The New Straits Times, повикувајќи се на експерти.

dobivaj vesti na viber

Експертите, консултирани од магазинот, сметаат дека борбениот авион истрелал ракета „воздух – воздух“ врз патничкиот авионк, а потоа го „довршил“ со истрел од неговиот 30-милиметарски топ. Според нив, со тоа можат да се објасни природата на оштетувањата на авионот и разлетувањето на остатоците од него. Имено, тие посочуваат на постоењето на заоблени влезни-излезни дупки на пронајдените фрагменти од малезискиот авион, коишто се типични за истрели од топ, исто како и при експлозија на ракета чиишто шрапнели можат да предизвикаат такви дупки.

„На неколку остатоци (според фотографии од местото на трагедијата) дупките од експлозијата се совпаѓаат со оние коишто ги предизвикува оружје со детонатор на дистанца, а на други се многу поточни и групирани, како оган од топ. Ние го анализираме тоа“, изјавил соговорник на магазинот.

Според оваа нова верзија, била употребена топлински самонаведувана ракета којашто носи трикилограмска боева глава, којашто го погодила најчувствителното место на авионот – моторите. Оваа верзија ја исклучува претходната според којашто авионот бил соборен со ракетниот систем „Бук“, бидејќи според експертите доколку авионот би бил погоден со ваков проектил од него не би останало речиси ништо, и не би имало потреба од „дополнителен“ напад од топ.

Како што истакнува магазинот, „Су-25“ може да достигна максимална височина од 25 илјади фути (7.600 метри), а малезискиот авион летал на височина на 10.600 метри. Сепак, според соговорник The New Straits Times, „’Су-25’ би требало да дејствува на границите од своите перформанси, но тоа е возможно’.

Четири дена по несреќата на летот МН17 од Амстердам до Куала Лумпур, началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на руската армија, генерал-потполковникот Андреј Картаполов на прес-конференција во Москва соопшти дека украински ловец од типот „Сухој Су-25“ бил 3 до 5 километри оддалечени од малезискиот „Boeing 777“ непосредно пред неговиот пад, кој притоа ги повика САД да објават сателитски снимки од тој временски интервал, а украинскиот претседател Петро Порошенко одговори дека во времето на несреќата сите украински авиони биле приземјени.

„Видовме дека украинскиот авион ’Су-25’ се крева кон малезискиот ’Boeing’ кој од него беше оддалечен 3 до 5 километри. Су-25 може да лета на височина до 10.000 метри. Носи ракети со дострел од 12 километри и сигурно гаѓа цел на растојание до 5 километри“, изјави генералот Андреј Картаполов на прес-конференцијата во Москва. „Се прашуваме: зошто ловецот летал на таа височина кога и цивилен авион?“, додаде Картаполов.

Авионот од типот „Сухој Су-25“ кој во класификацијата на НАТО се именува како Frogfoot примарно е јуришен авион за напади на цели на земјата. Но постои варијанта и можност овој тип авион да биде опремен со ракета Р-60 воздух-воздух.

Генерал Картаполов тогаш наведе и други податоци за уривањето во четвртокот на 17-ти јули на малезискиот „Boeing 777“ во источна Украина, во областа на Донецк на 50-ина километри од руската граница, територија којашто е под контрола на проруските бунтовници. Украина ги обвинува бунтовниците и Русија дека се одговорни за соборување на малезискиот патнички авион, додека Москва објави дека постојат сомневања дека авионот е урнат од украинските сили.

„По Донецк малезискиот авион ја променил насоката и се оддалечил од својот коридор 14 километри налево. Потоа се обидел да се врати во коридорот, но не го извел докрај маневарот. Во 17.20 часот забележан е значителен пад на брзината, а во 17.23 часот исчезнал од радарските екрани на руската контрола на летањето. Прашање е зошто излегол од својот коридор, односно дали станува збор за навигациска грешка или наредба на украинскиот контролор на летот“, додаде генералот Картаполов./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Свет2 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет2 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет3 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа3 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија11 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет15 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет16 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет23 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет23 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет23 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет24 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет1 ден

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија2 дена

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...