Вести
Ел Чапо бил фатен благодарение на интервју со актерот Шон Пен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/d5b42d45b2faae545d0ebd7b6d88af0d.jpg)
Мексиканските власти соопштија дека успеале да ја откријат локацијата на којашо се крие нарко босот Хакин Ел Чапо Гусман и да го фатат благодарение на интервјуто кое што го дал во тајност пред неколку месеци на американскиот актер, Шон Пен.
Интервјуто на Пен со Гусман, кој досега два пати бегаше од максимално обезбедените затвори во Мексико, е објавено доцна синоќа на страницата на американскиот магазин „Ролин Стоун“, пренесува агенцијата АП.Интервјуто наводно е направено кон крајот на 2015 година, неколку месеци пред да биде повторно фатен по шест месеци бегство.
Мексиканските власти знаеле за состанокот на Пен, Гусман и мексиканската актерка Кејт дел Кастиљо одржан во октомври и го следеле движењето на американскиот актер, што им помогнало да го откријат ранчот кајшто се криел наркобосот, навеле два извора од мексиканската власа.
Во интервјуто со Пен, Гусман се обидел да ја одбрани својата улога на чело со најголемиот нарко картел во светот. На прашањето дали е тој виновен за високата стапка на зависност од дрога, одговорил: „Не, тоа не е точно затоа што тогаш кога ќе умрам зависноста нема да биде ни малку намалена“.
Пен во текстот ги опишува строгите безбедносни мерки кои нарко босот ги презел за тајното интервју, но тие очигледно не биле доволни, бидејќи Гусман по одредено време беше уапсен.
Функционер од мексиканските безбедносни сили за АП потврдил дека токму интервјуто со Пен во октомври ги упатил властите на тоа дека Ел Чапо се крие во руралниот дел на сојузната држава Дуранго.
Полицајците тогаш одлучиле да не отвораат оган кон Гусман бидејќи се наоѓал во друштво на две жени и едно дете. Тој тогаш успеал да побегне, но властите сепак го лоцирале во куќа во Лос Мочис и го фатиле по престрелка во која загинале пет лица. Функционерот наведува дека состанокот меѓу Пен и Гусман е одржан во Тамасули, место во покраината Дуранго, којшто се граничи со Синалом.
Мексиканската држава обвинителка Арели Гомес во петок рече дека контактите на Гусман со актерки и продуценти, во врска со можно снимање на филм поврзан со неговиот живот, на властите им дале нови информации за локацијата на најозогласениот светски нарко бос. Пен во интервју за „Ролин стоун“ потврдил дека Ел Чапо бил заинтересиран да се сними филм за него и сакал во тој проект да учествува Кејт дел Кастиљо, која го договорила состанокот меѓу Пен и Гусман.
„Беше заинтересиран неговата животна приказна да биде раскажаа на филм,но тоа би и го доверил само на Кејт“, напиша Пен кој се појавува на слика со Гусман, ко која двајцата се ракуваат.
Ел Чапо беше уапсен во петокот по шест месеци бегство./крај/мф/ффс
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.