Вести
Епидемијата самоубиства закана за националната безбедност во САД
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/senki.jpg)
Стапката на самоубиства во САД пораснала за застрашувачки 24 отсто во периодот од 1999 до 2014 година, објави американскиот Центар за здравствена статистика, а пренесува во петокот политичкото списание Foreign Policy, оценувајќи дека станува збор за ризик за националната безбедност на земјата.
Стапката на самоубиства кај Американците пораснала во сите возрасни групи, освен кај групата од 75 и повеќе години, како и во сите расни и полови категории, освен кај црните мажи.
Овој вознемирувачки пораст доаѓа во периодот кога САД стануваат, од друга страна, сé побезбедни: со децении опаѓа стапката на криминалитетот, модерната медицина ја намалува смртноста од болести и несреќи, а драматично паднал и бројот на настраданите во сообраќајни несреќи.
И покрај тоа, за самоубиствата малку се зборува, се истакнува во написот на Foreign Policy. „Самоубиството е кривично дело во коешто нема извршител, туку само жртва, а семејството на самоубиецот истовремено чувствува и болка и патење, па и гнев“, пишува авторот на текстот.
Анализите покажале дека рака на себе креваат повеќе они кои општеството помалку ги цени, како американските Индијанци или припадниците на работничкиот слој, „групите кои изминатите години економски најмногу пропатеа“.
Самоубиствата во САД имаат и географска компонента, па така необично висока стапка е забележана во западните американски сојузни држави Ајдахо, Аризона, Вајоминг, Јута, Колорадо, Монтана, Невада, Ново Мексико и Орегон. Тоа се доведува во врска со економските фактори, односно со големиот број возрасни невработени самци, како и со најголемата стапка на оружје по глава на жител.
„Поседувањето оружје е еден од воопшто главните фактори кои го зголемуваат ризикот од самоубиство. Како што во САД се извршуваат повеќе убиства со огнено оружје отколку во остатокот од индустријализираниот свет, така и повеќето самоубиства се извршени со такво оружје, пишува Foreign Policy.
Самоубиствата во САД се долгогодишен и раширен проблем, неговите причини и начини на извршување се различни за да може да се реши на начини како што со вакцинирање се искоренети многубројни болести. Наместо тоа, пишува авторот, мораме да ги извлечеме луѓето од сиромаштијата и безнадежноста низ сеопфатните социјални програми и образованието, да ги идентификуваме оние на коишто помошта им е потребна и да им ја пружиме на оние коишто ја бараат. „Пет (минути) до 12 (часот) е, самоубиствата веќе премногу нé чиена“, се заклучува во текстот на Foreign Policy./крај/мф/сн
Извор: Foreign Policy
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.