Контакт

Вести

Ердоган тврди дека Ирак не може сам да го заземе Мосул

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во саботата дека Ирак не може сам да ги истера борците на ултрарадикална сунитска групација Исламска држава од вториот по големина ирачки град Мосул, како и дека присуството на турските војници во блиската воена база Башика е гаранција против нападите врз Турција. 

dobivaj vesti na viber

Турција не се согласува со централната влада на Ирак околу присуството на турските војници во Башика во северниот дел од ирачката територија, ниту околу тоа дека турските сили не би требале да учествуваат во планираната офанзива врз Мосул.

„Нема да дозволиме Мосул да биде предаден на Даеш (арапски акроним за Исламската држава – з.р.) или на која и да е друга терористичка организација. Тие велат дека ирачката централна влада тоа мора да го одобри, но ирачката централна влада мора прво да се позанимава со сопствените проблеми“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Зошто дозволивте Даеш да влезе во Ирак, зошто дозволивте Даеш да влезе во Мосул? Тие речиси стасаа до Багдад, каде сте, централна владо на Ирак?“, запраша Ердоган во говорот во местото Ризе на Црното Море, кој беше директно пренесуван на телевизијата.

Турската влада стравува дека милициите на шиитското мнозинство, кои ирачката влада во минатото ги користеше поради слабата мотивираност на борба на сунитските припадници на војската за борба против сунитските ултрарадикални групи, би можеле да бидат користени во офанзивата врз Мосул, која треба да започне до крајот на октомври, што би можело да поттикне и секташки безредија и егзодус на сунитското население.

Турција распореди тенковски баталјон ланскиот декември, со околу 180 војници и 25 тенкови и оклопни возила во базата Башика, каде што тврди дека ги обучува силите на ирачките Курди за борба против Исламската држава. Меѓутоа, официјален Багдад, како и другите сојузнички држави, предупредија дека чекорот на Анкара е без договор и дозвола на ирачката влада, и оти претставува нарушување на интегритетот на соседната земја.

„Ние таму ќе останеме. Башика е нашата гаранција против каква и да е закана од терористички активности во Турција“, порача Ердоган./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

„Таравари да одговори со што го уценија ДУИ“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Таравари да одговори со што е уценет. Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена...

Свет2 часа

Трамп: Само будала не би прифатила бесплатен авион од Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека има намера да го прифати авионот Боинг 747-8,...

Европа3 часа

(Видео) Кремљ: Нашата делегација пристигна во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и...

Свет3 часа

(Видео) Пред 35 години ги убија родители во САД: нивната казна беше намалена, сега можат да бидат ослободени

Калифорниски судија го расчисти патот за условна слобода на браќата Менендез, познати во САД и низ целиот свет по убиството...

Европа4 часа

Мелони и Ердоган разговараа за претстојните руско-украински преговори во Истанбул

Италијанската премиерка Џорџа Мелони телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за преговорите за прекин на огнот во Украина,...

Регион4 часа

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен го погоди островот Крит во Грција во средата, објави ЕМСЦ. Според објавените информации, земјотресот...

Македонија13 часа

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки...

Македонија19 часа

Во оваа фарса убијците добиваат милост, 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин: семејството на Фросина повика на протест

„Ги повикуваме утре на протест против гнилиот судски систем сите наши пријатели, роднини и сите родители чии деца секојдневно минат...

Македонија20 часа

На Јаневска ѝ е рано да размислува за ресорот здравство: Имам толку многу да доработам во Образование во овој мандат, премиерот ќе одлучи

Премиерот и преговарачкиот тим во коалицијата ќе одлучат кој ќе биде нов министер за здравство на местото на Арбен Таравари,...

Македонија21 час

Фрчкоски реагира: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

Љубомир Фрчкоски, поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при ООН во Њујорк, реагира по кривичната пријава за злоупотреби во...

Македонија22 часа

(Видео) Манасиевски: Таравари се интересира само за бизниси и за Груби и за Заев, досега не се разговарало за размена на ресори

Вечерва партијата ќе има редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара за обвинувањата на Таравари за...

Македонија22 часа

Во историјата на овој суд не е изречена 12 години казана затвор за вакво дело, но го задржуваме правото да бараме поголема, рече обвинителот

Обвинителот Александар Марковски го задржа правото да бара поголема затворска казна од 12 години колку што денес му пропиша Основниот...

Македонија22 часа

Таткото на Фросина: Судот ги скри клучните сведоци, кои биле во возилото со Васил, едниот снимал, па ја избришал снимката

Дванаесет години казна е награда за ова најбрутално убиство во сообраќајот, изјави таткото на усмртената Фросина, Тодор Кулаков. Тој повика...

Македонија23 часа

Дванаесет години затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин. Во...

Македонија1 ден

МВР со апел до граѓаните: Внимавајте на лажни е-пораки – фишинг-линкови, се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатира зачестена појава на таканаречени...

Европа1 ден

Со какви санкции му се заканува ЕУ на Путин?

Главните европски сојузници на Украина ја повикаа Русија на безусловно 30-дневно примирје и се заканија со нови санкции, според заедничкото...

Македонија1 ден

Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци. Поради незгодата од 07:30...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: ЕУ игра повалкано од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја нападна Европската Унија, велејќи дека е полоша од Кина во многу аспекти, само...

Свет1 ден

Кинескиот претседател по договорот со Трамп: Малтретирањето води до самоизолација

Кинескиот лидер Кси Џинпинг ги осуди малтретирањето и хегемонијата во своето прво јавно појавување откако САД и Кина постигнаа привремен...

Македонија1 ден

Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое...