Контакт

Вести

Ердоган во Кина за заедничка борба против тероризмот

Објавено пред

Челниците на Кина и на Турција се согласиле во Пекинг во средата за јакнење на соработката во борбата против тероризмот и криумчарењето луѓе, изјавил за медиумите висок кинески дипломат во првите изјави во врска со посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Кина и неговата средба во средата со кинескиот колега Си Џинпинг.

dobivaj vesti na viber

„Соработката во областа на безбедноста и јакнење на првата е многу важна за двете земји кои се согласија за јакнењето на соработката“, изјавил заменикот на кинескиот шеф на дипломатијата Жанг Минг за медиумите по средбата на двајцата претседатели во кинеската престолнина.

„Постојано се залагаме дека Кина и Турција треба да се поддржуваат една со друга во важните прашања и да ги продлабочат своите стратешки односи во соработката“, му рекол Си на Ердоган, според заменикот министер.

Според Жанг, Ердоган му рекол на Си дека Турција гледа на Исламското движење источен Туркестан (ETIM), за кое Пекинг тврди дека е исламистичко терористички движење чија цел е отцепување на Синџијанг-Ујгурската покраина во која живее туркофониот народ Ујгури. „Ердоган рече дека нема да дозволи никому да ја користи турската територија на кој и да е начин за да ги загрози кинеските национални интереси и безбедноста“, рекол Жанг.

Кина тврди дека ETIM регрутира Ујгури кои заминале во Турција и ги вежба заедно со екстремистите во Сирија и Ирак, како и дека соработува со исламистите во Пакистан, со цел по враќањето во покраината да започнат џихад. Кина неретко ги обвинува турските дипломати во југоисточна Азија дека им обезбедуваат патни исправи на Ујгурите за да им го олеснат заминувањето во Турција. „Кина и Турција, и двете веруваат дека е многу важно да се засили меѓународната соработка во борбата против криумчарењето луѓе“, рекол кинескиот дипломат запрашан за ова прашање.

Турскиот претседател Ердоган во средата пристигна во Кина, во својата прва државничка посета на оваа земја, која се одвива во период на зголемени тензии околу ујгурското малцинство во Кина, за кое Анкара и Западот го обвинуваа Пекинг дека го задушува нивниот етнички идентитет и не ги почитува нивните малцински и човекови права. Последните години многу Ујгури се отселија во Турција обвинувајќи ги кинеските власти за економска и етничка дискриминација. Истовремено во Турција траат протести на Ујгурите кои во изминатите децении ја загубија доминантноста над етничкиот кинески народ Хан во Синџијанг-Ујгурската покраина во врска со правата на мнозински муслиманските Ујгури во текот на одбележувањето на светиот муслимански месец Рамазан. Кон средината на јуни, кинеската влада преки своите интернет страници побара од функционерите, професорите и студентите во Синџијанг да не го одбележуваат светиот месец на постот Рамазан.

Во Турција, исто така, претходно во јули се одржуваа протести против враќањето на стотина Ујгури во Кина, откако биле запрени во Бангкок. Сетот тоа ја наведе кинеската влада да ги предупреди своите државјани додека престојуваат во Турција да не се одвојуваат од групите, имајќи ги предвид и терористичките напади во самата Кина за што се обвинети радикалните ујгурски исламисти. Кинеските државни медиуми, пак ги обвинија турските дека поттикнуваат тензии меѓу двете земји „водени од некои повисоки мотиви“.

Ердоган во вторникот, пред заминувањето за Кина, изјави за медиумите дека Турција е отворена за кинеските понуди во врска со ракетната понуда, односно за одлуката на Анкара заедно со кинеска компанија да гради одбранбени ракетни системи, што предизвика непријатност во НАТО чија членка е. Меѓутоа, во средата заменикот на кинескиот министер за одбрана одбил да одговори дали на средбата на двајцата претседатели станало збор за оваа и воопшто соработката во воената област.

Позитивната кинеска пропаганда пред посетата на Ердоган ја истакнува важноста на Турција за големиот кинески проект ткн „Новиот пат на свилата“ преку кој Пекинг сака да ги поттикне економските врски меѓу централна Азија и Европа. Повеќе од стотина бизнисмени го слеат Ердоган на посетата во Кина, во обидите да го поттикнат зголемувањето на кинескиот увоз од Турција од сегашното нивно на 2,8 милијарди долари годишно. Откако двете земји во 2010 година постигнаа договор за стратешка соработка, Кина стана третиот трговски партнер на Турција, по Германија и Русија, со 28,6 милијарди долари вредна трговска размена остварена минатата 2013 година./крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет50 минути

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет1 час

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа2 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет2 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет2 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа2 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион11 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија12 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет14 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија18 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија20 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија21 час

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија22 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија22 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија22 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ24 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа1 ден

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...