Контакт

Вести

Фабиус: Да се преговара со Асад е подарок за IS

Објавено пред

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека да се преговара со сирискиот претседател Башар ал-Асад, за што претходно се изјасни американскиот државен секретар Џон Кери, и според него тоа би претставувало „да се даде неверојатен подарок“ на џихадистичката групација Исламска држава (IS).

dobivaj vesti na viber

САД ќе мора да преговараат со сирискиот претседател Башар ал-Асад околу политичкото решение на кризата и се обидуваат да пронајдат начин да го принудат на преговори, изјави американскиот државен секретар Џон Кери во интервјуто за американската телевизиска мрежа CBS.

„На крајот ќе мораме да преговараме. Секогаш бевме подготвени на преговори во контекст на процесот Женева 1“, рече Кери алудирајќи на конференцијата од 2012 година во Женева, која повика на преговори за ставање крај на судирите во Сирија. Меѓутоа одбегна да каже дека ставот на САД и на неговите сојузници кои ја поддржуваат опозицијата досега толкуваа дека тој договор предвидува заминување на Асад од власта.

Кери додаде дека САД и другите земји, кои не ги именуваше, се обидуваат да пронајдат начин да ги обноват процесите за решавање на кризата. Русија минатиот месец организираше во Москва средна на расцепканата сириска опозиција и претставниците на владата во Дамаск, на која сепак одби да присуствува главната опозициска групација.

„Решението на сирискиот конфликт е во политичката транзиција која мора да ги задржи институциите на режимот а не Башар ал-Асад“, изјави шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус. „Секое друго решение кое Асад би го вратило на власт би бил навистина неверојатен подарок за терористите на Исламската дражва“, додаде.

Милиони Сиријци коишто наводно Асад ги прогонувал наводно и’ даваат поддршка на Исламската држава. „Очигледно тоа мораме да го спречиме“, додаде по средбата со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во Брисел.

Францускиот премиер Мануел Валс, пак, изјави за телевизијата Canal+ дека жали поради изјавата на американскиот државен секретар Џон Кери.„Нема да има решение сé додека Башар ал-Асад е претседател на Сирија“. „Франција секогаш истакнуваше дека е неопходно политичко решение, но Асад е одговорен за десетиците илјади мртви кои се убиени со гас“, изјави францускиот премиер останувајќи на веќе демантираниот и надминат извештај дека летото 2013 година во близина на сириската престолнина Дамаск владините сили употребиле боев отров.

Фабиус од своја страна истакна дека во понеделникот претпладнето разговарал со Кери кој му кажал дека „американскиот став за Сирија не се променил“.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини потсети, пак, на ставот на Европската унија велејќи дека на „на трајното решение на сирискиот судир не може да се работи без претставниците на режимот на Асад“ „Мислам дека Кери мислеше во тој контекст. Мислам дека не зборуваше за Аса лично“, додаде Могерини.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад во понеделникот отфрли секакви преговори со посредници од странство. „Секои разговори за иднината на сирискиот претседател ќе ги води сирискиот народ, а изјавите однадвор не нé засегаат“, порача Асад.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Мери Харф, изјави дека Кери не мислел на Асад и истакна дека Вашингтон никогаш не бил подготвен да разговара со него.

Меѓутоа, коментарите на американскиот државен секретар веќе предизвикаа загриженост во земјите, во прв ред сунитските муслимански земји од Персискиот залив од каде што се и најголемиот број борци на страната на Исламската држава во Сирија, кои ја поддржуваат сунитската вооружена опозиција против противат претседателот Башар ал-Асад, кој доаѓа од алавитската (шиитска) заедница, а ја има поддршката и на христијаните, друзите и либералните сунити, како и од дел од сунитските клерици. Значителната курдска заедница во Сирија, пак, во четиригодишниот конфликт се држи резервирано и се обидува да ја зацврстат власта врз нивните региони и да ги одбрани од џихадистичките групации како Фронтот ан-Нусра и Исламската држава која на сириските и ирачките територии во летото 2014 година прогласи ткн калифат./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија32 минути

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија48 минути

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија2 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија3 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија3 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија5 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија6 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа7 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ7 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет8 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа9 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет9 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија9 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет18 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија22 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија1 ден

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...