Контакт

Вести

ФБИ и Европол „покрија“ дел од црниот пазар на интернет

Објавено пред

Полициите на 16 земји затвориле мрежа која била дел од „црниот интернет пазар“ кој се состоел од повеќе од 400 интернет страници, при што биле уапсени 17 лица, пишува весникот The New York Times.

dobivaj vesti na viber

Американската полиција и Европол под раководство на американското Федерално истражно биро (FBI) во рамките на операцијата којашто се состоела од низа рации под кодното име „Оним“ (Onymous), извршиле апсења во 16 земји и во САД, приведувајќи притоа и неколку активни членови на мрежата Tor (акроним за „the onion router“), дел од интернетот која не е достапна за стандардните пребарувачи.Интернет мрежата Tor е анонимна мрежна платформа за продажба на нелегалните стоки, вклучително и дроги, оружје, како и за размена на детска порнографија и екстремистички информации. Се проценува дека црниот интернет пазар има повеќе од три милиона корисници.Пребарувачот Тоr, првобитно развиен од страна на воената морнарица на САД (United States Naval Research Laboratory), е проект со отворен код, што овозможува да се користи интернет без да се открие локацијата на корисникот. Тој не се користи само за криминални активности, туку и за размена на информации во јавноста од страна на политички активисти кои се обидуваат да ја избегнат цензурата на владините агенции.Меѓу уапсените има и хакери кои се вклучени во креирањето на социјалната мрежа „Патот на свилата 2.0“ (Silk Road 2.0), позната по тоа што нејзините корисници тргуваат со наркотици, броеви на украдени кредитни картички, оружје и изнајмување платени убијци. Меѓу деактивираните сајтови се и Mr. Quid’s Forum, Paypal Center, Cannabis Road Markets Blue Sky, според Европол.Последните месеци Silk Road 2.0 кој е лансиран во ноември 2013 година, имал околу 150.000 активни корисници, а генерирал најмалку 8 милиони долари месечна продажба и најмалку 400.000 долари месечна провизија.Припадниците на специјалните служби, исто така, конфискувале кај измамниците биткоини (еден од најпопуларните видови електронски валути) во вредност од милион американски долари, злато, различни видови валути и забранети препарати.Операцијата којашто започнала во четвртокот, финиширала во петокот кога биле апсени лица во Западна и во Источна Европа, вклучително и во Англија, Шпанија, Германија и Франција. Европол одби да соопшти кој метод бил користен за „покривање“ на црниот интернет./крај/мф/сн

Извор: The New York Times



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....

Регион4 часа

Балканот ќе биде како под вршник, летото ќе биде пеколно, сушно и со екстремни бури

Балканот ова лето ќе се соочи со рекордно високи температури и екстремни временски услови. Долгорочните прогнози најавуваат топло лето и...

Свет4 часа

Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални...

Македонија5 часа

Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жестоко го нападна поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го дека по десет месеци молк, сега...

Македонија6 часа

Утрото ќе биде студено, а денот со пролетни температури до 23 степени

Денешното утро ќе биде студено, но преку ден се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе...

Свет20 часа

Падна договор во Германија, Мерц ќе прави влада со партијата на Шолц

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме...

Скопје20 часа

Марш за женски права во Скопје, жените бараат крај на дискриминацијата

Денеска во Скопје се одржа марш организиран од Платформата за родова еднаквост, со слоганот „Нека јадат ружи!“. Поводот беше Меѓународниот...

Свет22 часа

Жестока караница меѓу Маск и Рубио во Белата куќа, Трамп ја смирил тензијата

На последниот состанок на кабинетот свикан од американскиот претседател Доналд Трамп, дојде до жесток конфликт меѓу државниот секретар Марко Рубио...

Топ22 часа

Ужас во Скопје: Вонбрачен партнер фрлил жена и деца од возило кои 3 дена по ред ги тепал

39-годишна жена и нејзините две малолетни деца се здобиле со тешки телесни повреди во Аеродром, откако биле исфрлени од возило,...

Македонија1 ден

Мицкоски од Свети Николе: По 7 години пустош, конечно Македонија се гради

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по...

Свет1 ден

Трамп повлекува 35.000 војници од важна европска земја

Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги прераспореди во Источна Европа, со акцент на...

Свет1 ден

(Видео) Фицо: Значи, вие признавте дека тоа е закана за целата ЕУ

Земјите членки на Европската унија признаа дека прекинот на транзитот на гас преку Украина е проблем кој претставува закана за...

Топ1 ден

18-годишен возач пренесен во Скопје со сериозни повреди

18-годишниот Е.Е. од прилепското село Дебреште, управувајќи патничко возило „мерцедес“ на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, излетал од патот...

Македонија1 ден

СДСМ: „Грозје не сум пробал“ но „донеси папаја и манго“, Мицкоски се однесува како султан

Опозициската СДСМ и денеска остро ги критикуваше одлуките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потврдувајќи дека се работи за „најлажаната“ влада...

Топ1 ден

Стоматолог уценуван со видео клип за 5.000 евра од двајца напаѓачи

Основното јавно обвинителство во Скопје го истражува случајот на изнуда што се случил на 29 јануари, кога двајца осомничени, еден...

Македонија1 ден

СДСМ: Таравари преку „Ѓока” ќе им наплаќа паркинг на пациентите како да се во шопинг мол!

Вчерашните изјави на министерот за здравство, Арбен Таравари, и премиерот Христијан Мицкоски, го потврдија тоа што СДСМ го тврди –...

Македонија1 ден

Сончев викенд пред нас, време е за прошетки и уживање

Утрово температурите се пониски, но преку денот се очекува сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Минималните...

Свет2 дена

Македонија нема да испраќа војници во Украина

Северна Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина како дел од воена мировна мисија која...

Свет2 дена

Зеленски не планира да му се извини на Трамп за расправијата во Овалната соба

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, нема да му се извини на претседателот на САД Доналд Трамп по нивниот корисен разговор во...

Топ2 дена

Двајца возачи загинаа на патот Штип-Кочани

Две лица го загубија животот во тешка собраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани што се случи попладнево. Според информациите од...