Вести
Фергусон: Растат тензиите пред носењето на судската одлука

Голема напнатост владее во Фергусон, гратчето во централниот дел на САД, пред носењето на одлуката дали ќе биде подигнато обвинение против белиот полицаец за убиство на црниот тинејџер која се очекува до крајот на ноември.
Голема напнатост владее во Фергусон, гратчето во централниот дел на САД, пред носењето на одлуката дали ќе биде подигнато обвинение против белиот полицаец за убиство на црниот тинејџер која се очекува до крајот на ноември.
Американскиот претседател Барак Обама во петокот ги повика жителите на Фергусон, всушност предградие на Сент Луис, да „протестираа на мирен начин“.
Гувернерот на сојузната американска држава Мисури, за понеделник прогласи вонредна состојба и ја активираше Националната гарда, додека Федералното биро за истраги (FBI) ги засилил своите тимови за протестите да не прераснат во бунт и безредија, како што се случуваше повеќепати во текот на август по смртта на 18-годишниот Мајкл Браун кој не бил вооружен, убиен со шест истрели од 28-годишниот полицаец Дарен Вилсон.
Таткото на убиеното момче во петокот испрати апел на воздржаност, и нагласи дека без оглед на тоа каква ќе биде одлуката на поротата, не сака смртта на неговиот син да биде залудна.
Според телевизиската мрежа CNN, поротата не ја завршила својата работа, и ќе се собере дури во понеделник.
Според полицијата, Вилсон го застрелал Браун во полициско возило откако се кошкале околу пиштол, а полицаецот подоцна побарал медицинска помош во локалната болница поради повреда на лицето. Меѓутоа, очевидци велат дека напротив, момчето било убиено надвор од полициското возило и тоа додека ги држело во воздух рацете во знак на предавање.
Тензиите во Фергусон се разгореа откако полицијата веќе следниот ден по инцидентот емитуваше снимки на кои е идентификуван подоцна убиениот Браун како врши грабеж во продавници и го малтретира нејзиниот сопственик, но истакна дека грабежот и пукањето во кое тој смртно настрадал не се поврзани. Демонстрантите ја критикуваа полицијата дека се обидува со објавувањето на снимките „да го оправда убиството во стилот на егзекуција“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.