Контакт

Вести

Гениј за ИТ алгоритми ја откри најголемата банкарска афера „Свисликс“

Објавено пред

Поранешен вработен во банката, Ерве Фалсијани (43), е човекот кој ги украл податоците за сопствениците на сметките тешки 180 милијарди евра од швајцарската подружница на британската банка HSBC.

dobivaj vesti na viber

Фалсијани кој го нарекуваат „гениј за ИТ алгоритми“ е роден во Монако, има двојно фрнацуско-италијанско државјанство и во банката работел од 2006 година.Специјализирал за анализа на податоци (data mining), а минатата година бил кандидат на европските избори во Шпанија.Иако тој лично се поистоветува со Џејмс Бонд, фиктивниот лик кој го создаде британскиот писател Jан Флеминг, неговата приказна сепак многу повеќе наликува на делувањето на Едвард Сноуден, поранешниот соработник на американската CIA, којшто откри податоци за глобално шпионирање.Како и во случајот со Сноуден, истекувањето на податоците кои Фалсијани ги украл во 2007 година одекнаа во светот како бомба. Во претходните осум години неговата акција, за којашто швајцарскиот суд тврди дека е изведена заради стекнување лична полза, ги натерала судските органи во САД, Франција, Шпанија, Аргентина и Белгија да покренат постапки против затајувачите на данок.Во Грција, Јоргос Папаконстантино, поранешниот министер за финансии, одговара поради тоа што ја игнорираше листата на оние кои криеле пари во Швајцарија, која ја достави неговата тогашна француска колешка Кристин Лагард, сега челничка на Меѓународниот монетарен фонд.Претходно седмицава Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари почна да ги објавува податоците до кои дошол Фалсијани. Откриено е дека работниците во HSBC во текот на 2004 и 2005 година одржале најмалку 1.645 состаноци во 25 земји со клиенти и потенцијални клиенти.Состаноците биле одржани од луксузни хотели во Париз и Тел Авив, преку пијано бар во Антверпен и аеродром во Конго, до приватни резиденции во Копенхаген. Банкарите на спорните состаноци им предлагале на клиентите начини за избегнување на плаќањето на даноци во ЕУ, советувајќи да отворат офшор компании и во нив да ги префрлат средствата.Меѓу клиентите кои го криеле богатството од даночните служби на матичните држави имало многу корпорации, познати личности и опасни криминалци,а меѓу нив има и Македонци./крај/мф/ффс

Извор: Blic.rs

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Средба Муцунски-Сијарто: Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија

Во рамките на Втората меѓувладина седница со Унгарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Будимпешта...

Македонија2 часа

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13. Боки 13 во...

Македонија5 часа

Онака сложно како што ги зачуваа патните трошоци, пратениците да изгласаат дополнително покачување на минималната плата од 6.000 денари, побара Трендафилов

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), денес, до Владата, до Собранието и до работодавците достави предлог во кој бара дополнително...

Топ5 часа

Вработените во Филхармонијата до Мицкоски и Љутков: За директор треба да се избере најквалификуваниот, а не партиски договорениот кандидат

Пред неколку дена, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во изјава за еден медиум рече дека одлуката кој ќе...

Свет6 часа

Трамп: „Зеленски нема да има друга опција, освен да се предаде“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата социјална мрежа Truth Social сподели објава во која тврди дека украинскиот претседател Володимир...

Македонија7 часа

Платите да се исплаќаат до петти место до петнаесетти во месецот, предлага Левицата

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во...

Македонија7 часа

За електронски индекс ќе треба една и пол година, месецов почнува дигитализацијата на студентските сервиси на УКИМ, вели ректорката Ангелова

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) месецов почнува со дигитална трансформација. Ректорката Билјана Ангелова најави дека првин ќе се дигитализираат...

Македонија9 часа

ДУИ подготвува бојкот на локалните избори за да го избегне поразот, велат од „Влен“

За да го избегне поразот ДУИ планира да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, веалт...

Македонија9 часа

Возел под дејство на алкохол, со голема брзина и тешко повредил пешак: истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост, кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или...

Европа12 часа

Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер...

Европа12 часа

(Видео) Зеленски: Подготвен сум да заминам во замена за членство во НАТО

Володомир Зеленски рече дека ќе биде подготвен да замине во замена за членството на Украина во НАТО, навестувајќи дека ќе...

Европа12 часа

Макрон: Предлагаме едномесечен прекин на огнот во Украина

Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина „во воздух, во море и во енергетската инфраструктура“, изјави...

Свет12 часа

(Видео) Почина Австралиецот чија крв спаси повеќе од два милиона бебиња

Џејмс Харисон починал во сон во дом за стари лица во Нов Јужен Велс, Австралија, на 17 февруари, соопшти неговото...

Свет1 ден

Макрон предупреди дека откажувањето на САД од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека откажувањето на Соединетите американски држави од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници,...

Свет1 ден

Во тек е клучниот состанок во Лондон, момент кој се случува еднаш во генерација

Стотици луѓе се собраа пред канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер и собирот за поддршка на Украина го почнаа со...

Топ1 ден

Полицаец пријавил дека му го украле службениот пиштол со рамка и 13 куршуми

Вчера во осум часот во ОВР – Крушево, М.Х., на возраст од 38 години од овој град, вработен како полициски...

Свет1 ден

Ватикан соопшти дека папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имал мирна ноќ

Папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан. „Ноќта беше мирна, папата се уште...

Топ1 ден

Пијан возач удри и тешко повреди 25-годишна битолчанка во Скопје, полицијата го приведе

Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со...

Регион1 ден

Саша Поповиќ пред да почине се лекувал во Париз, случајно открил дека е болен кога скршил нога

Саша Поповиќ почина вчера на 70-годишна возраст по тешко боледување. Нецела година Поповиќ се борел со тешката болест, неговото лекување...

Регион2 дена

Почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“

По кратко и тешко боледување денес почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, еден од највлијателните луѓе...