Контакт

Вести

Германија му одговори на Нетанјаху: Ние сме виновни за холокаустот, тој е упорен

Објавено пред

Портпаролот на германската канцеларка изјави во средата дека Германија е одговорна за холокаустот и дека нема никакви потреби тоа да се ревидира, во одговорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој ги обвини Палестинците, односно муфтијата на Ерусалим од Втората светска војна, дека го инспирирал германскиот нацистички водач Адолф Хитлер за планот „Конечно решение“, односно истребувањето на Евреите, но израелскиот премиер остана тврдокорен на своето тврдење и во средата.

dobivaj vesti na viber

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини палестинскиот верски водач и ерусалимски муфтија Хаџи Армин ал-Хусени кој во 1941 година пребегал во Германија и му ја дал идејата за истребување на Евреите на средбата со Адолф Хитлер во Берлин, што предизвика остри реакции на Палестинците, историчарите но и од израелската опозиција.

„Хитлер не сакал да ги истреби Евреите во тоа време, тој сакал да ги протера. А тогаш дошол муфтијата кај него и му рекол дека сите тие тогаш ќе се иселат во Палестина. Па што тогаш да правам со нив, а муфтијата му договорил – изгори ги“, раскажа Нетанјау во своето обраќање на Светскиот ционистички конгрес во Ерусалим

„Тој (муфтијата ал-Хусеини) ја имал централната улога во поттикнувањето на Конечното решени“ (нацистичкиот израз за планот за решавање на „еврејското прашање“), заклучокот Нетанјаху.

Запрашан за коментарите на Нетанјаху, портпаролот на германската влада одговори дека Германија е одговорна за холокаустот и оти нема никакви потреби да се гледа поинаку на тоа, пренесува AFP.

Нетанјаху, чиј татко бил уважуван историчар, веднаш беше остро критикува. Некои историчари, притоа, тврдат дека средбата меѓу Хитлер и ал-Хусеини се случила во ноември 1941 година, а Хитлер речиси три години претходно, во јануари 1939 година во Рахстагот говорел за потребата од „истребување на еврејската раса“.

„Зборовите дека муфтијата на Хитлер му ја дал идејата да ги истепа или изгори Евреите. Тоа била централна тема на идеологијата на Хитлер многу многу пред да се појави муфтијата во Берлин“, изјави за Reuters во средата Дина Порат, професорка во Тел Авиви и главна историчарка во меморијалниот центар Јед Вашем.

Не е јасно која е причината Натанјаху да го покрене ова прашање токму во моментов непосредно пред неговата посета на Германија, но со неа повторно ги подигна речиси до кулминација тензиите меѓу Израелците и Палестинците, кои од пред две седмици влегоа во нови жестоки судири со десетици жртви.

Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат во средата реагираше велејќи дека „Нетанјаху толку ги мрзи Палестинците, што дури и Хитлер би го ослободил од вината за убиството на шест милиони Евреи“.

На говорот на Нетанјаху реагираше и Исак Херцог, челникот на израелската опозиција во Кенсетот (парламентот). „Ова е опасно извртување на историјата и барам Нетанјаху веднаш тоа да го исправи, бидејќи дека со тоа ги намалува холокаустот, нацизмот и злото, што беше улогата на Хитлер во ужасната несреќа на нашиот народ“, напиша Херцог на Facebook. Според него, изјавата на премиерот оди во прилог на оние коишто го негираат холокаустот, и додава дека историјата вели дека Хитлер планирал да ги убива Евреите со години пред да се сретне со ал-Хусеини.

Сепак, Нетанјаху во средата остана при своето. „Тие обвинувања се апсурдни. Немам никаква намера да го амнестирам Хитлер од неговата сатанска одговорност за истребувањето на европските Евреи. Хитлер е тој кој ја донел одлуката. Апсурдно е да се игнорира улогата којашто ја муфтија имал во охрабрувањето и поттикнувањето на Хитлер“, порача израелскиот премиер но исток така додавајќи и дека поседува „доволно докази“ со коишто може да ги потврди своите обвинувања против ал-Хусеини.

Но ниту неговиот министер за одбрана и близок соработник Моше Јаалон не се согласува со Натанјаху. „Ал-Хусеини сигурно не бил тој кој го измислил ‘Конечно решение. Тоа е плод само на изопачениот ум на Хитлер“, изјави Јаалон за израелското воено радио./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Македонија2 часа

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија2 часа

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија2 часа

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија3 часа

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ3 часа

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија4 часа

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...

Македонија6 часа

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај другите полициски радари, изјави...

Свет7 часа

Католиците во светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет7 часа

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет8 часа

ФБИ пронајде повеќе од еден милион нови документи поврзани со случајот на Епстин

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи кои би можеле да бидат поврзани...

Македонија8 часа

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија19 часа

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија19 часа

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија21 час

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија23 часа

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија1 ден

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија1 ден

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...

Македонија1 ден

Наќе Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека судот донел пресуда во негова...