Контакт

Вести

Германија нема да учествува во воени акции во Сирија каде Асад именуваше нова влада

Објавено пред

Германија заедно со САД и другите меѓународни партнери разгледува можни воени акции против сунитските џихадисти од Исламската дражва во Сирија, но нема намера да учествува во нив, изјави во средата навечер портпаролот на германското министерство за надворешни работи, а истовремено во Дамаск алавитскиот претседател Башар ал-Асад именуваше нова влада.

dobivaj vesti na viber

„Ние, секако, дискутираме за тоа прашање (воени операции против џихдистите на сириска територија) со нашите сојузници, вклучително и со Вашингтон…, но Германија не размислува за учество во каква и да е воена акција во Сирија“, изјави портпаролот Аусваертигес Амта, запрашан за можните операции против Исламската држава којашто контролира поголемо области во Сирија.„Ќе ги продолжиме напорите со цел да се зајакне демократската опозиција во Сирија“, заклучи портпаролот.САД и западот повеќе од три години ги поддржуваат сунитските опозициски вооружени востаници кои од март 2011 година по инерцијата на ткн Арапска пролет се обидуваат да го соборат алавитот (шиитот) Башар ал-Асад, кој ја има поддршката од алавитите, друзите, христијаните и умерените сунити, додека курдското малцинство во овој конфликт се држи резервирано и успеа да воспостави своја власт на териториите на кои доминира. Во почетокот опозициската Слободна сириска армија (FSA) која прима западна помош и од другите сунитски и арапски земји, против владините сили на Асад чие семејство четири децении управува со Сирија, се бореше заедно со групациите на радикалните исламисти како Фронтот ан-Нусра и Исламската држава, но дојде до конфронтации поради стремежите на радикалите да создадат калифат.Белата куќа којашто потврди дека ја разгледува можноста за воздушни удари врз припадниците на сунитската џихадистичка групација Исламска држава (IS) во области во Сирија коишто ги контролираат, исклучи во вторникот каква и да е можност за координација и соработка со владата на Сирија на претседателот Башар ал-Асад. Претходно во понеделникот официјален Дамаск изрази подготвеност за соработка со меѓународната заедница, вклучително и со САД, во борбата против џихадистите, но истакна дека секој напад изведен на негова територија мора да биде во согласност и соработка со Дамаск, бидејќи во спротивност ќе се смета за агресија.Сирискиот претседател Башар ал-Асад чии најголеми поддржувачи на воен план се шиитски Иран, и либанското шиитско движење Хазболах, како и на дипломатски план Русија и Кина, во средата со уредба именуваше нова влада, задржувајќи ги повеќето министри на нивните места.Асад на 16-ти јули по претседателските избори кои првпат во историјата се одржаа со повеќе кандидати на избирачките места наместо со избор на парламентот, ја положи свечената обврска за новиот седумгодишен мандат, мораше според уставот да именува нова влада.На премиерската должност и натаму ќе биде Ваел ал-Халики, кој на фунцкијата беше именуван во 2012 година, откако неговиот претходни Риад Хиџаб побегна од Сирија и се придружи на вооружената сунитска опозиција. Халики, кој нема голема мож во системот во кој доминира шефот на државата, минатата година преживеа бомбашки атентат на неговиот конвој во главниот град Дамаск. Западните критичари сметаат дека владата и натаму ќе има симболична важност, имајќи предвид дека вистинската моќ е концентрирана во претседателската функција којашто со децении е во рацете на семејството Асад, како и челниците на елитните безбедносни сили./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...

Македонија7 часа

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино,...

Македонија10 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија16 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија16 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија18 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија18 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ18 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија19 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија20 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија21 час

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија21 час

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет22 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет22 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет22 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа23 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа24 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа24 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...