Контакт

Вести

Голем протест во Каракас против претседателот Мадуро

Објавено пред

Стотици илјади приврзаници на опозицијата излегоа во четвртокот на улиците на венецуелската престолнина Каракас, облечени во бело со извиците „Оваа влада ќе падне“, протестирајќи против левичарскиот претседател Николас Мадуро.

dobivaj vesti na viber

Медиумите проценуваат дека најверојатно станува за најголемиот протест против владејачките социјалисти по повеќе од една деценија. Демонстрантите ги заземаа улиците на Каракас од амазонската џунгла до западните Анди, пренесува Reuters.

Опозициската коалиција Демократско единство процени дека во демонстрации на кои се бараше референдум за отповикување на претседателот Николас Мадуро, учествувале најмалку милион луѓе.

„Ќе го урнеме Мадуро. Ќе ги победиме гладот, криминалот, инфлацијата и корупцијата. Не сторија ништо за 17 години. Нивното време заврши“, изјавила за Reuters педесетгодишната Нати Гутјерез, која на протестот дошла од 75 километри оддалечениот Маракај, за што ѝ биле три часа подолго поради блокираните од војската улици.

Опозицијата верува дека овие демонстрации ќе докажат дека нејзините приврзаници се во мнозинство со што ќе создаде притисок врз Мадуро и државната изборна комисија да го дозволат референдумот за неговото владеење кој го дозволува уставот откако ќе измине половината од претседателскиот мандат.

Бидејќи државната изборна комисија уште се двоуми во врска со спроведувањето на процесот повикувајќи се на уставноста, а владата вети дека референдумот нема да се одржи оваа година, опозицијата нема повеќе методи како да го протурка без разлика на бројот луѓе коишто ќе ги изведе на улиците.

Социјалистите владеат од доаѓање на власт на сега починатиот харизматичен претседател Уго Чавез во 1999 година, но падот на цените на нафтата, лошо водената девизна политика како и економијата, ја доведен оваа јужноамериканска држава во хаос. Огромната инфлација, третата година на рецесијата, недостигот од основните животни продукти и големите редови во продавниците, го предизвикаа гневот на значаен дел од 30-те милиони жители на Венецуела./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Арсовска: „Храбриот“ Меџити наместо да дојде во Чаир заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, промовира туѓи проекти

Изет Меџити наместо да дојде во Чаир, таму каде што е најповикан заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, тој се...

Македонија4 часа

Припадниците на „Беланоца- Барон“ се гонат за убиства, палење на автомобили на службеници од „Идризово“, изнуда на пари од фирми

Обвинителството поднесе обвинение против девет припадници на организираната криминална група „Беланоца- Барон“ за повеќе тешки кривични дела извршени во период...

Македонија4 часа

„Ер тракторите“ се на сервис, недостигаат пилоти и опрема – Ангелов верува дека ќе се справи со слабостите во ДЗС

Новоназначениот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пред новинарите зборуваше за агонијата со којашто се соочува оваа...

Македонија6 часа

Меџити убеден дека информатичарот Азир Алиу ќе се снајде и во Здравство: Министерот треба да биде добар менаџер, Алиу е најдобар предлог   

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити смета дека докторот по информатички науки и поранешен министер за информатичко...

Македонија7 часа

Филипче: Британскиот заем е како да подигнам кредит со вашата лична карта, па од утре да плаќате камати, а не сум ви кажал ништо

Власта со целосно погрешни економски политики ја води државата во погрешен правец, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија8 часа

За изборот на нов министер на местото на Таравари се чека предлогот од Владата, Гаши уверува дека мнозинството е стабилно

Премиерот треба да го предложи новиот министер за здравство, кој ќе го замени Арбен Таравари. Кога ќе дојде на дневен...

Македонија9 часа

(Фото) Ангелов му ја предаде директорската функција во ЦУК на Мухамед Аљи: Верувам дека ќе биде тешко да го следи моето работно темпо

Денеска, во 10 часот, во просториите на ЦУК ја предадов функцијата директор на ЦУК на Мухамед Аљи, кој на оваа...

Македонија10 часа

Стојанче Ангелов нов в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување: најави спојување со ЦУК

Досегашниот директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, од денеска ќе ја извршува функцијата в.д. директор на Дирекцијата...

Регион11 часа

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала се случи во 3.06 часот наутро по локално време во Грција...

Европа13 часа

(Видео) 50 повредени во Ливерпул, двајца во критична состојба, полицијата: Не е тероризам

Речиси 50 лица се повредени, а 27 се однесени во болници, вклучувајќи двајца во критична состојба, од кои едно е...

Свет13 часа

(Видео) Пукање во Филаделфија, најмалку двајца мртви

Две лица се убиени, а најмалку осум други се ранети во масовно пукање што се случи синоќа во паркот Фермаунт...

Европа13 часа

Зеленски: Разузнавачките информации докажуваат дека Путин нема планови да ја заврши војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира нова офанзива. „Нема знаци дека рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува...

Европа13 часа

Путин: Ако „Мекдоналд“ одлучи да се врати, нема да му поставиме црвен тепих

Русија нема да „го простира црвениот тепих“ за „Мекдоналдс“ ако компанијата одлучи да се врати во Русија, изјави Владимир Путин...

Македонија22 часа

Ацо Боцевски-Циганот уапсен во грчкиот град Катерини: беше во бегство 27 години

По 27 години бегство, во Грција е уапсен Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, македонски државјанин осуден за убиство. Според...

Свет1 ден

Путин: Русија беше принудена да реагира на ситуацијата што се разви во Украина

Русија беше принудена да реагира на ситуацијата што се разви во Украина по државниот удар во 2014 година, вклучително и...

Македонија1 ден

„Кој и да е сопственик, не е блиска пријателка на мојата сопруга“, рече Тошковски за малото модното студио кое ќе набавува униформи за полицијата

Фирмите кои треба да набават униформи за специјалната полиција во вредност од 3,8 милиони евра ги исполните сите услови пропишани...

Македонија1 ден

Разбиена мрежа за проституција: Лица од Бразил и Сирија носеле Бразилки во Скопје каде нуделе сексуални услуги

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен акт против четири лица....

Македонија1 ден

Алијанса за Албанците формира Привремен координациски совет за да нема конфузии во јавноста

Алијанса за Албанците формира Привремен координациски совет за да нема конфузии во јавноста по, како што велат, едностраните дејствија на...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова му подари на папата Лав XIV длабока резба од дабово дрво со мотив „Желад“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Апостолската палата имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV. На средбата традиционално беа...

Македонија1 ден

Нема нови случаи на мајмунски сипаници, ризикот од ширење е мал, велат од ИЈЗ

Нема нови случаи на мајмунски сипаници во земјата, а ризикот од ширење е мал, велат од Институтот за јавно здравје....