Вести
Големите пирамиди во боите на Русија, Франција и Либан
Древните египетски пирамиди ноќта во неделата беа осветлени во боите на националните знамиња на Русија, Франција и Либан, во знак на солидарност со земјите кои во трагични околности изминатите две седмици загубија стотици свои граѓани.
Властите во Каиро одлучија на платото Гиза во Каиро во подножјето на Големите пирамиди да одржат настан во чест на жртвите од падот на рускиот патнички авион на Синајскиот полуостров, и на терористичките напади во Бејрут и во Париз.На 31-ви октомври рускиот патнички авион со 224 патници и членови на екипажот се урна по половина час лет од летувалиштето Шарм-ел-Шејк. Иако официјалната истрага сé уште не е завршена и се воздржува од предвремени коментари, една од верзиите на западните служби е дека причина за падот е експлозија во авионот која не е поврзана со технички дефект на моторот и оти станува збор за терористички чин. Џихадистичката организација Исламската држава објави дека таа стои зад наводниот напад поради руската воена операција против нејзините борци во Сирија.На 12-ти ноември ноќта во двоен самоубиствен бомбашки напад во либанската престолнина Бејрут беа убиени најмалку 44 луѓе и повеќе од стотина повредени, пред контролен пункт на либанското шиитско движење Хезболах. Екстремната сунитска групација Исламска држава, исто така, ја презема одговорноста и за овој терористички чин, како одмазда за тоа што во соседна Сирија Хезболах се бори на страната на владаа на алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад.На 13-ти ноември три синхронизирани групи изведоа најмалку шест симултани напади во француската престолнина Париз, во кои се убиени најмалку 132 луѓе, и повеќе до 350 се ранети. Исламската држава објави дека стои и зад овој напад, поради француското учество во воздушните операции кои меѓународната коалиција предводена од САД од јули 2014 година ги изведува против џихадистите во Сирија и во Ирак./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.