Вести
Хрватска има еден, а плаќа тројца претседатели

Граѓаните на Хрватска моментално плаќаат тројца претседатели, актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и двајца поранешни претседатели, Иво Јосиповиќ и Степан Месиќ.
Хрватска се најде во оваа ситуација откако досегашниот претседател Иво Јосиповиќ, на кого му престана мандатот на 18-ти февруари, неочекувано одлучи да го искористи законското право на претседателски надомест.Јосиповиќ уште шест месеци ќе прима полна плата од 3.220 евра и половина од оваа сума и наредните шест месеци, доколку во меѓувреме не биде отворено место на Правниот факултет, каде предаваше на катедрата за кривично процесно право пред да стане претседател во 2010 година.Неговата одлука наиде на бројни критики со оглед на тоа дека најави и враќање на факултетот по завршувањето на мандатот. Тој, пак, вели дека активирањето на претседателскиот надомест не значи промена на неговите планови, туку дека мора од нешто да живее до одлуката на Правниот факултет.Освен за Грабар Китаровиќ и Јосиповиќ, Хрватска издвојува пари и за поранешниот претседател Степан Месиќ којшто ја вршеше претседателската функција во два мандати од 2000 до 2010 година.Хрватска е една од ретките држави којашто има Канцеларија на поранешниот претседател, којашто ја користи Степан Месиќ и за неа оваа година од државниот буџет се резервирани 113.000 евра. Месиќ е единствениот претседател кој има доживотно право на користење на Канцеларијата.После него сите поранешни претседатели имаат вакво право само пет години, бидејќи така е одредено со измените на Законот за правата на претседателот по престанокот на вршењето на должноста од 2013 година.Според Законот, поранешните претседатели имаат право на Канцеларијата во којашто можат да вработат два државни службеници, како и право на возач и службени автомобил.Јосиповиќ веќе најави дека нема да го користи правото на Канцеларија на поранешниот претседател./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.