Вести
Хутите тврдат дека речиси е постигнат договор за сопирање на судирите во Јемен, нови бомбардирања

Висок функционер на јеменската милиција Ансаралах на пиитското племе Хути изјави дека во вторникто завојуваните страни се наоѓаат чекор до постигнувањето на политички договор по речиси цел месец жестоки борби, откако коалицијата на сунитските арапски земји од Персискиот залив предводени од Саудиска Арабија првично во вторникот навечер најави дека ги прекинува воздушните напади но само неколку часа подоцна тие се обновени.
Неколку минути по терминот означен како крај на воените операции во Јемен, на полноќ по локално време, биле обновени бомбардирањата врз цивилни цели во главниот град Сана и најголемото пристаниште во земјата Аден, соопшти за агенцијата РИА претставникот на јеменската команда, Халид Џабр.
Коалицијата на арапските земји објави дека ја завршила операцијата „Решителна бура“ во Јемен, откако ги постигнала своите цели и ноќта кон средата ја започнува новата операција под назив „Враќање на надеждта“. Нејзина задача е да го врати политичкиот процес и борбата против тероризмот, како и попречување на воените активности и натамошно напредување на шиитската бунтовничка група Хути. Според коалицијата, воздушните напади требаше да запрат во 00.00 часот по локално време, 23 часот по македонско.
Малку претходно Абдел Малек ал-Иџри, член на политичкото водство на Хутите, изјави дека е „изненаден“ од најавата на коалицијата предводена од Саудиска Арабија за завршување на досегашната воена операција. Според него, таа најава се совпадна со напредокот кон постигнување мировен договор. „Очекуваме договор за прекин на огнот по потпишувањето на политичкиот договор кои е речиси постигнат“, изјави за Reuters по телефон ал-Иџри.
Арапската сунитска коалиција, соопшти дека воздушните удари биле успешна. Портпаролот на коалицијата Ахмед Асри изјави за AFP дека во нападите било уништено тешкото оружје и балистичките ракети на побунетите шиити и нивните сојузници јеменските војници лојални на соборениот во 2012 година претседател Али Абдула Салех. „Операцијата ги отстрани заканите за Саудиска Арабија и соседните земји и во среда ќе биде заменета со новата операција Враќање на надеждта“, рече Асири.
Новата операција ќе биде фокусирана на спречување на движењата на Хуите, заштита на цивилите и давање хуманитарна помош, истакна Асири на прес-конференцијата во саудиската престолнина Ријад.
Најавата за сопирање на коалициските воздушни бомбардирања уследни откако последните два дена беа потврдени информациите дека најголем број од жртвите во нив се цивили, особено во нападите во понеделникот и вторникот во главниот град Сана кој од крајот на минатата година е под контрола на Хитите, како и на северот од земјата.
Светската здравствена организација во вторникот објави дека во насилствата во Јемен до 7-ти април загинале 944 луѓе, а ранети се 3.487. Во овие бројки не се пресметани и 40-те жртви и 574 ранети од понеделникот во Сана, и исто така 40 во вторникот во напад врз станбена зграда во северозападниот град Харад и врз мост во централната покраина Ибб./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.