Вести
И Хаити ја потврди епидемијата со вирусот зика
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/virus20zika.jpg)
Министерката за здравство и население на Хаити, Флоранс Дупервал Гијом потврди дека во земјата се регистрирани случаи на треската зика, откако претходно во неделата француското министерство за здравство соопшти дека епидемијата предизвикана од вирусот зика започнала на Мартиник и во Гвајана, а станува збор за вирус кој е извонредно опасен за трудниците, бидејќи може да предизвика деформации или дури и смрт на детето, пренесуваат агенциите.
Тестирањата на крвта на пациенти на Хаити го открило присуството на вирусот во 5 од 11-те земени примероци, се вели во соопштението на министерството за здравство, во кое населението се повикува да не користи аспирин доколку се сомнева во заразеност со вирусот зика, бидејќи тој може да предизвика крварење со последици опасни по животот.
Хаити е четиринаесеттата земја во која Панамериканската здравствена организација го потврди присуството на вирусот зика. Претходно вирусот е откриен во Бразил, Колумбија, Салвадор, Гватемала, Француска Гвајана, Хондурас, Мартиник, Мексико, Панама, Порторико, Парагвај, Суринам и Венецуела.
Вирусот се пренесува од човек на човек преку каснување на ткн тигрест комарец (Aedes Aegypti) и може да предизвика невролошки компликации. Симптомите се манифестираат 3 до 12 дена по каснувањето и се слични како кај грип, чикунгуне и денга треската: висока температура, конјунктивитис, главоболка, исфрлање на кожата, болки во зглобовите и мускулите.
За оваа болест нема лек ниту вакцина, туку само се ублажуваат симптомите. Со навремено обраќање на лекар лесно се избегнуваат натамошни компликации, меѓутоа претставува особена опасност за бремените жени, бидејќи може да предизвика спонтан абортус или да се пренесе на фетусот и да доведе до појава на микроцефалија (мали димензии на мозокот) кај детето.
Првите случаи се регистрирани кон крајот на декември на Мартиник, каде вкупно се регистрирани 47 потврдени случаи на инфекција со вирусот зика, додека во Гвајана има 15.
Француското и американското министерство за здравство предупредија дека трудниците, без разлика на степенот на бременоста во кој се наоѓаат, треба да ги откажат патувањата во зоните во кои е регистриран вирусот и мора да спроведуваат засилени мерки на заштита и веднаш да се јават на лекар доколку се јават симптомите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.