Вести
И Шпанија и Колумбија тврдат дека имаат право на потоната галија со богатство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/san20hose.jpg)
И Шпанија и Колумбија тврдат дека полагаат право на богатството од шпанската галија потопена пред околу три века, неодамна пронајдена во близина на колумбискиот брег.
Шпанската галија „Сан Хозе’, којашто во 1708 година ја потопиле Британците во војната против Шпанците, заедно со стотината морнари на дното однела и драгоцен товар од злато и бесценети камења. Се проценува дека вредноста на златото и смарагдите изнесува меѓу 3 и 17 милијарди американски долари. Но подводните камери досега регистрирале само топови и керамички садови.„Станува збор за брод во сопственост на државата и ѝ припаѓа на државата под чиешто знаме пловел“, изјави шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо.Меѓутоа, Нестор Умберто Мартинез, од колумбиската комисија за старини, не е согласен со тоа. Тој вели дека нема дилеми оти бродот „Сан Хозе“ ѝ припаѓа на неговата земја.Гарсијо-Маргаљо порача дека Мадрид и Богота треба да постигнат договор за откритието за коешто минатиот петок го објави колумбискиот претседател Хуна Мануел Сантос. „Ќе се обидеме да постигнеме пријателски договор со Колумбија“, порача шефот на шпанската дипломатија. Местото на потонувањето на галијата во близина на архипелагот Розарио во колумбиските територијални води, на 100 километри од Картахена.Американската компанија „Sea Search Armada“, којашто прва го лоцираше бродот пред повеќе од 30 години, тврди, пак, дека ѝ пропаѓа дел од најденото на бродот, кое не го претставува колумбиското културно наследство.Галијата „Сан Хозе“ потонала во 1708 година во Карипското Море во близина на пристанишниот од Картахена. Таа била дел од флотата на кралот Филип Петти во војната со Англија во ткн Војната за шпанското наследство и пренесувала, според записите, смарагди, златници и сребреници. Тврдењата на владата на Колумбија дека бродот ѝ припаѓа неа не ги расветли правните спорови, бидејќи „Sea Search Armada“, компанијата специјализирана за трагање по остатоци на морското дно чие седиште е во САД, води долгогодишен спор против Богота поради сопственоста над остатоците. Оваа компанија во 1981 година објави дека го открила местото на кое бродот потонал.Американската компанија и колумбиската влада биле партнери и се согласиле дека во согласност со меѓународните обичаи ќе го поделат пленот, но владата во Богота подоцна изјави дека богатството ѝ припаѓа на Колумбија. И еден суд во САД во 2011 година ја прогласи галијата за колумбиска сопственост./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.