Вести
IAEA: С.Кореја најверојатно ја отворила постројката за плутониум

Изгледа дека Северна Кореја повторно ја отворила фабриката за производство на плутониум од потрошено гориво за реакторот што е клучен дел од нејзините нуклеарни амбиции, објави во понеделникот Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (IAEA).
Комунистичките власти во Пјонгјанг во 2013 година се обврзаа дека повторно ќе ги покренат сите нуклеарни постројки, вклучително и главниот реактор во Јонгбјон кој беше дотогаш затворен и кој е во фокусот на севернокорејската спорна нуклеарна програма.
Властите на оваа изолирана земја објавија во септември минатата година дека Јонгбјон е оперативен и дека се работи на подигнување на „квалитетот и квантитетот“ на атомското вооружување. Северна Кореја неколку месеци подоцна го изврши четвртиот нуклеарен тест.
Експертите на IAEA кои немаат директен пристап до севернокорејските нуклеарни постројки и тамошните активности ги следат сателитски, објавија во 2015 година дека забележала знаци на обновување на функционирањето на Јонгбјон, вклучително и на неговиот главен реактор.
„Постојат знаци дека Јонгбјон е реактивиран. Можно е да станува збор за репроцесирање на потрошеното гориво“, изјави во понеделникот портпаролот на IAEA.
Речиси е непознато колку збогатен ураниум и плутониум поседува Северна Кореја или какви се нејзините вистински капацитети да го произведе од плутониумот корисен во Јонбјонг.
Поради својата нуклеарна и балистичка програма Северна Кореја е изложена на зголемен притисок од меѓународната заедница, вклучително и од заострените санкции на ОН од март годинава кои ги поддржа и нејзиниот единствен важен сојузник Кина, а по последниот нуклеарен тест во јануари./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.