Контакт

Вести

Илјадници Иранци и Ирачани во одбрана на сириски Дамаск од IS

Објавено пред

Илјадници ирански и ирачки борци пристигнуваат на помош на војската на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад во одбрана на сириската престолнина Дамаск од џихадистите на сунитската организација Исламска држава (IS) која освои големи делови од Сирија и соседен Ирак каде што изворите на вода за пиење почна да ги користи како оружје, јавуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Против сунитската радикална терористичка организација Исламска држава се бори меѓународната коалиција предводена од САД која од вторникот претпладнето извела 18 воздушни удари врз позициите на џхадистие во ирачките градови и четири во Сирија, но според општите оцени овие напади започнати ланската есен немаат големи резултати.

„Последните седмици 7.000 ирачки и ирански борци пристигнаа во Сирија и нивната првенствена цел е да ја одбранат престолнината Дамаск. Најголем е ирачкиот контингент, а се очекуваат вкупно 10.000 луѓе кои ќе им се придружат на сириската војска и на провладините милиции“, изјавил за агенцијата AFP припадник на сириските безбедносни служби во Дамаск кој говорел под услов да остане анонимен.

Другата фаза од нивната задача ќе биде да се врати контролата врз градот Џиср ал-Шугур, кој е влез на средоземниот брег и покраината Хама во централна Сирија, коишто борците на Исламската држава и на Џебхат (Фронтот) ан-Нусра, сириски огранок на Ал Каеда, на 25-ти април го заземаа од сириската војска.

Голема офанзива против Исламската држава најави и командант на иранските борци. „Следните денови светот ќе биде изненаден од она што го подготвуваме во соработка со сириските воени челници“, изјави генералот Гасем Сулејмани, командант на иранските сили на Гардата на чуварите на исламската револуција, пренесуваат иранските агенции.

Џихадистите и бунтовниците им нанесоа низа порази на сириските сили, кои од иранските и руските сојузници побараа поголема конкретна помош, изјави за AFP неименуван сириски политичар.

Владата во Дамаск од почетокот на бунтот во март 2011 година тврди дека сунитските Саудиска Арабија, Катар и Турција, преку своите диверзанти и тајни служби го подигнаа бунтот во рамките на ткн Арапска пролет, со поддршка на сунитскта ткн умерена опозиција којашто ја поддржува и Западот, но и на радикалните сунитски групи. Конфликтот набрзо прерасна во меѓу конфесионален, бидејќи овие држави, како и Западот, бараат соборување на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој доаѓа од алавитската (шиитска) заедница, и ја има поддршката на сириските сунитски клерици, христијаните, Друзите, а значителната курдска заедница се држи резервирано во судирот и се обидува да ја зацврсти својата контрола врз териториите на кои живеат Курдите а се напаѓани од џихадистите.

Официјален Дамаск повторно во средата ги потврди обвинувањата за странската поддршка на бунтовничките сунитски групи кои до пред извесен период војуваат меѓу себе и со исламистите, но во последните месеци заедно ја напаѓаат сириската војска.

Минатата седмица командантот на Фронтот ан-Нусра, Абу Мохад ал-Џолани изјави дека неговата мисија „во Сирија е да го урне режимот, неговите симболи и сојузници“, што се совпаѓа и со од Западот поддржуваната ткн умерена сунитска опозиција.

Исламската држава којашто на сириското боиште се појави во 2013 година и набрзо се издвои како најбрутална, најдобро вооружена и најорганизирана бунтовничка група и зазема големи територии од Сирија, во летото 2014 година објави дека се одвојува од ал Каеда и со ненадејна офанзива освои големи територии и во Ирак на кои прогласи ткн калифат.

Џихадистите од Исламската држава ги затворија испустите од браните на реката Еуфрат во западен Ирак и со тоа ги загрозија резервите од вода за пиење, објавија во средата локалните функционери. Џихадистите го пренасочиле водениот тек во своја полза на боиштето околу градот Рамади. Така, нивната тактика се заканува со суша во јужните покраини и резервите од вода паднале на загрижувачки нивоа, пишува агенцијата Reuters.

Исламската држава и порано се обидуваше водата да ја користи како оружје во војната против ирачката влада.

Портпаролот на гувернерот на ирачката покраина ал-Анбар, чиј главен град е Рамади, изјави дека ирачките сили сега мора да се прераспределат по должината на целата река за да го спречат инфилтрирањето на сунитските бунтовници. Покраинскиот совет на Анбар се состана во средата во потрага по стратегија со која ќе се одговори на тактиката на џихадистите.

Жителите на Рамади велат дека бунтовниците, сепак, оставиле два испуста отворени, очигледно за да го избегнат поплавувањето на подрачјата кои се под нивна контрола. Меѓутоа, ја повикуваат владата во Багдад да дејствува брзо, бидејќи „во спротивно последиците и катастрофата за околината ќе бидат неизбежни“, вели Фалих ал-Есави, висок функционер на безбедносните служби во покраината ал-Анбар./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица...

Македонија4 часа

Јас имам два сина и знам колку троши 4-члено семејство: Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за...

Македонија6 часа

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...

Македонија8 часа

„Во Стоматолошката комора владее целосен тоталитаризам и самоволие“: Стоматолозите бараат оставка од Денковски

Стоматолозите се загрижени за актуелните случувања во Стоматолошката комора на Македонија под водство на Маријан Денковски. Неговите одлуки и политики,...

Македонија8 часа

Трајановски не може да даде оставка оти е разрешен пред три месеци, велат од Град Скопје

Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик-градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци, тврди Град Скопје. Оттука, како што...

Македонија10 часа

МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување

Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите. Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација...

Македонија10 часа

Наредено уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо од Полска

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведниот вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980...

Македонија11 часа

Отповикани осум амбасадори, кои беа назначени од Стево Пендаровски

Повлечени се осум амбасадори, кои беа назначени од поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски. Отповикани се амбасадорите Мето Белески –...

Македонија11 часа

Голема полициска акција, претреси на повеќе локации во Скопје

Затворски полицајци и дел од поранешното раководство на затворот во Шуто Оризари се под истрага за злоупотреби. Обвинителството потврди дека...

Топ12 часа

(Фото) Откриена и одземена поголема количина прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на село Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската...

Топ12 часа

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје испраќале лажни закани за бомби во училишта

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното...

Европа13 часа

Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад додека се...

Свет14 часа

Хамас предаде четири тела на израелски заложници во замена за палестински затвореници

Хамас ги предаде телата на четворица израелски заложници во ноќна размена на палестински затвореници, објави „Ројтерс“. Израел прими четири тела,...

Свет15 часа

Северна Кореја испраќа повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Северна Кореја распореди дополнителни сили во Русија, но големината на контингентот се уште не е позната, објавија утрово јужнокорејските медиуми,...

Свет15 часа

Трамп: Украина може да заборави на влезот во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на седницата на американската влада, дека Украина „може да заборави“ на влезот во...

Македонија24 часа

Спасен повреден чешки планинар на Шар Планина

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информира дека денеска во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на...

Свет1 ден

Трамп: Можно е да нема мировен договор меѓу Украина и Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска по првиот состанок на неговиот кабинет изјави дека постои можност да не биде постигнат мировен...

Свет1 ден

Зеленски му порача на Трамп: Нема да вратиме ниту 10 центи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се надева оти првичниот договор за минерали со Соединетите Американски Држави ќе доведе до...

Македонија1 ден

Најсовесно и чесно ја извршував функцијата, не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност за да поднесам оставка, вели Чачарова- Илиевска

Тања Чачрова-Илиевска не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што очекува премиерот Христијан Мицкоски по поднесената интерпелација за членови...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија парично казни повеќе поранешени и актуелни функционери, меѓу нив Груби, Меџити, Крмов

Антикорупциската комисија достави информации за имињата на 86 поранешни и актуелни носители на јавни функции, кои се казнети со глоба...