Вести
Илјадници на погребот на њујоршкиот полицаец

Десетина илјади луѓе, полицајци и цивили, се собраа во њујоршка црква и во околните улици во саботата на погребот на еден од двајцата полицајци кои беа убиени во напад кој беше означен како одмазда за полициското убиство на невооружен црнец.
Убиени затоа што носеле униформи, додека седеле во патролното полициско возило, Рафаел Рамос и неговиот партнер Венџиан Лиу станаа моментот околу кој се собираат приврзаниците на полицијата и нејзините методи, во моментот кога на улиците на многу американски градови илјадници луѓе протестираат против полициската бруталност и расизмот во нејзините редови. Убиените полицајци се 40-годишниот Рафаел Рамос и 32-годишниот Венџиан Лиу. Лиу бил во брак два месеца, додека Рамос е татко на 13-годишно момче
„Верувам дека одличните полициски сили на овој извонредно разнолик град можат на државата да ѝ покажат како да се премостат сите препреки. Веќе сте го правеле тоа, и повторно ќе го правите“, изјави американскиот потпретседател Џозеф Бајден.
Портпаролот на полициската управа на Њујорк, Стивен Дејвис, изјави оти изгледа дека погребот на Рамос е најголемиот во полициската историја. Улицата околу црквата во Квинс, квартот во кој живеел Рамос, беа исполенти со луѓе коишто стоеја молкум, меѓу нив многу полицајци во нивните препознатливи сини униформи, а имаше делегации и од полициите во Бостон, Њу Орлеанс и Сент Луис, каде што започнаа антирасистичките протести поради убиства на црни тинејџери од страна на бели полицајци, пренесува Reuters.
На погребот присуствуваше и њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио, кого веднаш по убиството на двајцата полицајци, полициските синдикални челници јавно го обвинија дека „му се крвави рацете“ поради неговата поддршка на демонстрантите против полицијата. И во саботата додека Блазио говореше на погребот, во еден дела на масата пред црквата илјадници полицајци го свртија грбот на големиот екран на кој беа пренесувани говорите на функционерите.
Њујоршкиот гувернер Ендрју Куомо изјави дела Лиу и Рамос биле претставници токму на тоа етнички и расно шаренило на градот и на тамошната полиција во која работат припадници на повеќе од 50 нации и зборуваат на 64 јазици./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.