Контакт

Вести

Има преживеани во падот на иранскиот авион – ВИДЕО

Објавено пред

Во падот на малиот патнички авион од типот „Iran 140“ (модифицирана верзија на украинскиот „Антонов Ан-140“) во близина на аеродромот „Мехрабад“ крај иранската престолнина Техеран, има преживеан патници, изјави за иранската новинска агенција Fars, помошникот министер за транспорт, Алиреда Џехангирјан.
 

dobivaj vesti na viber

Во падот на малиот патнички авион од типот „Iran 140“ (модифицирана верзија на украинскиот „Антонов Ан-140“) во близина на аеродромот „Мехрабад“ крај иранската престолнина Техеран, има преживеан патници, изјави за иранската новинска агенција Fars, помошникот министер за транспорт, Алиреда Џехангирјан.

 

„Авионот се урна четири милји од пистата. Најверојатно, по полетувањето тој го променил курсот. Дел од патниците се повредени и однесени во болница“, изјавил Џехангирјан. Истакнал дека авионот се урнал во пошумена област од градот, па затоа нема жртви на земјата. Меѓутоа, не го прецизирал бројот на жртвите, како и на преживеаните.

Претходно во неделата наутро беше објавено дека авион од типот „Iran-141“ на иранската воздухопловна компанија „Taban Airlines“ на летот меѓу Техеран и Табас во источниот дел од земјата се урнал набрзо по полетувањето во 9,18 часот по локално време (6,48 по македонско време). Агенцијата Irna јави дека во авионот имало 48 патници од кои седум деца. Според сознанијата, авионот се урнал врз населбата Азас, во западниот дел од Техеран..

Според извршниот директор на компанијата оператор со аеродромите во Иран, Мухамед Илхани, во авионот имало 40 патници и осум членови на екипажот. „Повеќето од луѓето во авионот загинаа“, додал Илхани. Додал дека според првичните податоци, причина за трагедијата е техничка неисправност на мотор на леталото./крај/мф/сн

Извор: Fars



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Јаневски: Да сме набавеле нови автобуси, па вие и овие што ги имате не можете да ги сервисирате

Дали вие знаете дека минатата година Град Скопје за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие одвои 685 милиони денари, 11 милиони...

Македонија3 часа

МНР со реакција на бугарското министерство: Политиката на условувања создава непотребни тензии, кои не одговараат на европскиот дух на соработка

Со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз...

Македонија3 часа

Дел од сегашните судии и обвинители е последниот штит на криминалот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка...

Македонија3 часа

Институтот интерпелација во никој случај не може да се примени за уставните судии, тоа е упад во самостојноста велат од Уставниот суд

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, судот информира дека Уставот...

Македонија4 часа

Жртвите на сексуално насилство ќе може да побараат помош и без да пријават во полиција силување или обид за силување

Сервисите за помош и поддршка на жртвите на сексуално насилство, кои сега се достапни само за жртвите откога ќе го...

Свет4 часа

Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент. Обвинителите соопштија...

Македонија5 часа

ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го разгледа решението со кое не се прифати предлогот на Обвинителството...

Македонија6 часа

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година...

Македонија7 часа

Трендафилов продолжува да дејствува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нелегално избраниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов продолжува да биде партиски портпарол на СДС и да одработува за нивните интереси,...

Македонија7 часа

„Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски“, бара СДСМ

„Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во...

Свет8 часа

Полскиот претседател: Им реков на Американците да го преместат нуклеарното оружје кај нас

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Американски Држави да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната...

Европа9 часа

Британија протера двајца руски дипломати

Откако во понеделникот двајца британски функционери беа протерани од Русија, Обединетото Кралство им ја укина акредитацијата на руски дипломат и...

Свет10 часа

Русија им ги претстави условите за прекин на огнот на Американците, пренесува „Ројтерс“

Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите...

Европа10 часа

(Видео) Путин ненадејно се појави во Курск: „Тој ѝ постави задача на армијата“

Рускиот претседател Владимир Путин постави задача конечно да ги порази украинските вооружени сили во регионот Курск во најкус можен рок,...

Македонија19 часа

Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд

„Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година, одобрен од сите земји-членки на Евроспката Унија и Скопје останува валиден патоказ за...

Македонија1 ден

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија: евроамбасадорот Рокас најави посети на европски лидери во Скопје

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека се работи и е во тесна соработка со македонската Влада со цел да се надминат...

Македонија1 ден

Очекувам да ги напуштат позициите, тие што ги избраа јасно кажаа дека повеќе немаат кредибилитет, вели Мицкоски по интерпелациите

Премиерот Христијан Мицкоски, по вчера изгласаните интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет што ги назначува Собранието, очекува самите да...

Македонија1 ден

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата на МВР и БЈБ

По акцијата за канцерогениот мазут, во која беа уапсени 11 лица, премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека бил шокиран од...

Македонија1 ден

Палевски првин ја прашал Вања кои ѝ се родители за да им испрати фотографии, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше во судот за грабнувањето на Вања тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал фотографии од возрасна жена...

Македонија1 ден

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на...