Вести
Индија планира населување Хундуси во муслимански Кашмир

Индиската влада планира да насели десетици илјади Хиндуси во три новоизградени градови во сојузната држава Кашмир, со мнозинско муслиманско население.
Ваквата одлука предизвика негодување кај сепаратистите во Кашмир, коишто тврдат дека станува збор за иста политика којашто Израел ја спроведува со градењето на еврејските населби на окупираните палестински територии. И некои од кашмирските Хиндуси, исто така, сметат дека владиниот план не треба да биде поддржан.
Се проценува дека меѓу 200 и 300 илјади Хиднуси побегнале од Кашмир откако во 1989 година избувна муслиманскиот бунт против владеењето на Индија, а партијата на новиот индиски премиер Нерандра Моди веќе долг период ветува дека ќе ги врати во областите од кои се прогонети.
Пред еден месец, партијата на премиерот Братија Џаната (BJP) ја презема контролата над владата во Кашмир во коалиција со регионалниот партнер – Хиндуската национална партија којашто првпат има власт во земјата. Владата оваа седмица го објави планот за изградба на добро обезбедувани колонии за Хиндусите кои побегнале од своите домови во Кашмир и сега живеат по цела Индија или во прекуокеанските земји.
Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан, трипати меѓусебно војуваа од 1947 година за контрола над оваа област од стекнувањето на независноста откако кон крајот на 1990-те официјално станаа нуклеарни земји кои поседуваат и нуклеарен воен арсенал,а последниот судир, кој за малку ќе прераснеше во официјална војна. Во сепаратистичкиот бунт, за кој Индија тврди дека е резултат на пакистанска поддршка и дејствување на неговите разузнавачки служби, загинаа околу сто илјади луѓе./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.