Вести
Индиските радикали го слават роденденот на Трамп „спасителот на човештвото“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/donald20rodenden.jpg)
Хиндуистичка група го прослави во вторникот во Њу Делхи 70-от роденден на американскиот милијардер Доналд Трамп, нарекувајќи го републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД „спасител н човештвото“ кој може да ѝ стави крај на глобалната исламистичка закана.
Дваесетина припадници на десничарската група Хиндуистичка војска славеа во вторникот додека во САД се оплакуваат 49-те жртви на најкрвавиот масакр во поновата американска историја во Орланд, кој го изврши 29-годишен Американец од авганистанско потекло Омар Матин чиј терористички чин го присвојува радикалната сунитска групација Исламска држава.
„Трамп рече дека на сите муслимани треба да им се забрани влегувањето во САД. Сите треба тоа да го поддржат“, изјави Вишу Гупта, водач на групата која е попозната по радикалните изјави, отколку по сериозната поддршка во јавноста.
Носејќи црвеносини капи од хартија, припадниците на Хиндуистичката војска се собраа на еден мал плоштад во индиската престолнина Њу Делхи и го поддржаа Доналд Трамп од кого очекуваат да престане да го поддржува традиционалниот индиски непријател Пакистан, соседна земја со 200 милиони жители, доминантно муслимани, која како и Индија е нуклеарна сила.
Им одадоа чест на жртвите во масакрот во ноќниот геј клуб во Орландо и потоа пресекоа голема роденденска торта извикувајќи „Долго да живее Доналд Трамп!“, кој е роден на 14-ти јуни 1946 година во Њујорк.
„Трамп ќе стане господар на светот. Како ќе го нападнеме Пакистан без негова помош?“, рече Гупта.
Индија го обвинува Пакистан дека преку своите тајни служби го подготвил терористичкиот напад во финансиската престолнина Мумбаи во 2008 година во кој беа убиени 166 луѓе.
Индија и соседен Пакистан досега трипати војуваа меѓу себе од стекнувањето на независноста во 1947 година, од кои две околу Кашмир над кој двете земји сакаат целосна контрола, и редовно изведуваат нуклеарни тестирања откако кон крајот на 1990-те официјално станаа нуклеарни земји кои поседуваат и нуклеарен воен персонал.
Двете земји во 2011 година започнаа мировен процес, но тензиите меѓу нив се зголемија последните две години. По ненадејната посета на Моди на Пакистан на почетокот од годинав, двете земји одлучија да започнат дијалог за решавање на спорните прашања Билатералните средби на високо ниво се предвидена за јануари во Исламабад./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.