Контакт

Вести

Индонезија ги брани егзекуциите: тоа е дел од војната против дрогата

Објавено пред

Главниот обвинител на Индонезија застана во средата во одбрана на извршувањето на смртните пресуди на осумте странски државјани поради криумчарење дроги, изјавувајќи дека неговата земја води војна против дрогата.

dobivaj vesti na viber

„Водиме војна против страшните злосторства поврзани со дрогите, коишто му се закануваат на преживувањето на нашата нација“, изјави обвинителот Мухамад Прасетио на прес-конференцијата од во Силакапа, пристанишен град од каде може да се дојде до островот Нусакамбанган каде што се наоѓа строго чуваниот затвор во кој се држат лицата осудени на смрт и се извршуваат егзекуциите.

Ноќта кон средата по локално време беа стрелани биле двајца Австралијци, четворица Нигеријци, како и државјани на Бразил и Индонезија., и покрај многубројните апели за помилување од меѓународната заедница и од семејствата на осудениците.

Младата филипинска мајка, којашто исто така требаше да биде погубена поради кримчарење на дроги, буквално во последните секунди добила одложување на извршувањето на пресудата. „Мама ќе живее!“, извикувале нејзините деца, синови на 6 и 12 години, а поборниците за нејзиното помилување плачеле од среќа, пренесуваат агенциите.

Кога во средата сабајлето беше објавено дека 30-годишната Мари Џејн Велосо не е погубена како што беше најавено, нејзиното семејство изјави дека смета оти нивните молитви биле слушнати. Оваа самохрана мајка беше уапсена пред пет години на централниот индонезиски остров Јава со 2,6 килограми хероин во нејзиниот багаж.

Филипинските челници веднаш има изразија благодарност на своите индонезиски колеги, особено на претседателот Џоко Видодо.

На листата за егзекутирање беше и 51-годишниот Французин Серж Атлауи, но во последен момент беше тргнат од списокот за погубување, бидејќи неговиот адвокат вложил жалба и неговиот процес не е завршен. Портпаролот на обвинителството на Индонезија, Тони Спонтаната, претходно во вторникот потврди дека доколку биде потврдена пресудата, властите нема долго да чекаат за нејзино извршување.

„Би сакал да истакнам дека погубувањето не е пријатна задача, но мораме да ја извршиме за да ја спасиме нацијата од опасноста од дрогите. Не правиме непријатели од земјите од каде што потекнуваат погубените. Се бориме против злосторствата поврзани со дрогите“, изјави обвинителот Прасетио.

Австралија по стрелањето на своите двајца државјани го повлече амбасадорот од Индонезија. Главниот индонезиски обвинител ја минимизираше одлуката на Австралија да го отповика својот амбасадор, оценувајќи дека станува збор за „привремена акција“.

Министерствата за надворешни работи на Бразил и Нигерија објавија во соопштение во кои ги осудија егзекуциите. Во јануари годинава, по егзекуцијата на пет странски државјани, веднаш потоа Бразил го отповика својот амбасадор во Џакарта, по што и индонезискиот дипломат беше принуден да ја напушти јужноамериканската земја.

Меѓународната организација за човекови права Amnesty International ги осуди во средата погубувањата.

Медиумите пренесуваат дека осудениците добиле превези преку очите пред стрелачкиот вод и заедно ја пееле „Чудесна милост“ во моментот на погубувањето коешто било извршено малку по полноќ по локално време, односно во вторник по 18 часот по средноевропско време, според свештеникот кој присуствувал на извршувањето на смртната казна. Погубени се „истата секунда, истата минута“, изјавил пасторот Карина де Вега. Потоа нивните тела биле измиени и положени во сандаци.

Во моментов во затворите во Индонезија има 135 осуденици на смрт, од кои најголемиот дел се за криминални активности поврзани со дроги, а 60 од нив се странци. Борбата со зависностите од дроги индонезиските власти ја прогласија за еден од националните приоритети. Според официјалните процени, бројот на индонезиските граѓани кои користат дроги во 2015 година ќе достигне 5,8 милиони. Секој ден во земјата од дроги умираат околу 50 лица, а бројот на лицата кои не се евидентирани и не биле никогаш на третман за рехабилитација се проценува на 1,2 милиони луѓе во оваа речиси 250 милионска нација./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...

Македонија44 минути

ДИК со први проекции за бројот на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 19, ДУИ 18

Државната изборна комисија ги објави првите проекции за бројот на пратенички мандати – ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, а зад нив...

Македонија59 минути

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија1 час

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија1 час

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија3 часа

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија3 часа

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија3 часа

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...

Македонија4 часа

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија4 часа

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија4 часа

(Видео) Џафери не го поддржа бојкотот на Артан Груби: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше...

Македонија5 часа

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија5 часа

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија5 часа

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија5 часа

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...

Македонија6 часа

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија7 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија8 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија11 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...