Вести
Индонезија не го потврдува падот на авионот на „AirAsia“ кој не барал помош

Генералниот директор на управата за воздушен сообраќај на министерството за сообраќај на Индонезија, Џоко Мурио Атмоџо не потврди дек исчезнатиот авион на компанијата „AirAsia, како и дека екипажот не испратил никаков повик во помош.
Авионот во неделата загуби контакт со контролата не летањето откако побарал дозвола да ја зголеми височината на летот за да ги избегне облаците. Авионот на летот QZ8501 го загубил контактот со контролната кула во индонезиската престолнина Џакарта во 6,17 часот по локално време, односно 17 минути по полноќ по македонско време.
Авионот требало да слета во Сингарур околу 1,30 часот по македонско време. Аеродромот во Сингапур на својата интернет страници објави дека споменатиот лет доцни.
Станува збор за авион од типот „ Airbus 320-200“ со 155 патници и седум членови на екипажот во сопственост на нискотарифната индонезиска компанија „AirAsia“. На летот 157 лица се Индонезијци, 3 се Кореанци и по еден е Сингапурец, Британец и Малезиец.
„По 50 минути потрага, во 7,08 часот авионот е прогласен за исчезнат. Во овој момент не сакаме да тврдиме ништо, освен дека комуникацијата со авионот е прекината“, изјавил Атмоџо за весникот Detik. Според информации од компанијата пилотот и копилотот биле искусни.
Шефот на службата за односи со јавноста на Националната служба за потраги и спасувања на Индонезија, Суприанди Мингу претходно изјави дека авионот има проблеми со турбуленцијата, го изменил курсот и се урнал во морето.
Покрената е операција за пребарување на теренот и спасувања во која учествуваат индонезиската морнарица и воздушните сили.
Нискотарифната индонезиска воздухопловна компанија „AirAsia“ е во 49-процнетна сопственост на малезиската компанија „Air Asia“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.