Вести
Индонезискиот потпретседател ја мери буката од џамиите

Индонезискиот потпретседател Јусуф Калла планира да формира специјална група којашто ќе го мери и ограничува нивото на буката од звучниците поставени на џамиите, изјави во четвртокот индонезиски функционер.
Потпретседателот на државата Јусуф Калла истовремено е и челник на индонезискиот совет за џамии, а е особено критичен во однос на звучниците коишто се поставуваат на џамиите за традиционалниот повик на молитва за верниците.
На почетокот од јуни Калла побара од џамиите да престанат да емитуваат снимени молитви, тврдејќи дека на тој начин верниците нема да ја стекнат Божјата наклонетост. Тој смета дека тоа треба да се врши на традиционалниот начин со повик на свештеникот.
„Еден тим на теренот ќе собира податоци за преклопувањето на звуците и за терминот на проповедите, читањето на Куранот и повиците за молитва преку звучниците во големите градови“, вели за AFP портпаролот на индонезискиот потпретседател, Хусеин Абдула.
Во петте термини за дневните молитви улиците на Џакарта и другите големи индонезиски градови се преплавени со неусогласени звуци кои доаѓаат од џамиите, а сега во текот на рамазанскиот пост џамиите почнуваат да емитуваат повици на молитва и порано за да ги разбудат верниците за сахур, оброкот кој се зема пред мугрите.
Индонезија со повеќе до 245 милиони жители е најголемата нација во југоисточна Азија и четврта во светот, а 88 отсто од населението го исповеда исламот, од кои само еден милион се шиити, а другите се сунити, со што е најголемата земја во исламскиот свет. Во земјата којашто е секуларна според уставот, се исповедаат и протестантизмот, католицизмот, хиндуизмот, будизмот и конфучијанството./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.