Контакт

Вести

Ирачката војска напредува кон Тикрит

Објавено пред

Ирачките војници напредувале во саботата кој северниот град Тикрит откако на почетокот од јуни контролата врз градот ја преземаа сунитските бунтовници предводени од џихадистичакта група Исламска држава во Ирак и на Левантот (ISIL).

dobivaj vesti na viber

„Голем број војници со поддршка од разни видови оружје се приближија кон јужната периферија на Тикрит. Изгледа дека целта на масовното трупање војници ги истера од градот борците на ISIL“, изјавил за агенцијата DPA жител на градот Претходно во петокот десетици војници ја заземаа зградата на универзитетот во Тикрит по борбата со бунтовниците во покраината Салахедин, чиишто област се наоѓаат под контрола на џихадистичката група Исламска држава во Ирак и на Левантот (ISIL).Според офицер на ирачката армија, операцијата на специјалните сили на ирачката армија треба да овозможи повторно заземање на целиот Тикрит, поранешниот бастион  и роден град на соборениот и ликвидиран сунитски диктатор Садам Хусеин во северниот дел од земјата.Универзитетот се наоѓа на патот за Баиџа, каде што се наоѓа најголемата рафинерија за нафта во Ирак и кон воената база во северниот дел од градот, којашто исто така е заземена од исламистите. Сунитските бунтовници на 9-ти јуни ја започнаа офанзивата во Ирак, преземајќи ја контролата врз големи делови од територијата во пет покраини северно и западно од главниот град Багдад, вклучително и вториот по големина град во земјата Мосул, при што загинаа повеќе од илјада а раселени се стотици илјади луѓе, според процените на Обединетите нации.Ирачките медиум, повикувајќи се на воен извори, известуваат дека силите кои му се верни на премиерот Нури ал-Малики, кој потекнува од шиитското мнозинство, најавуваат брзо ослободување на областите коишто се под контрола на џихадистите за кои се верува дека ја добиле поддршката на сунитските племенски милиции, како и на бунтовничките групи коишто ги предводат поранешни офицери и војници на Садам Хусеин./крај/мф/сн.

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ29 минути

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија2 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија2 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија3 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија5 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет7 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет7 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија8 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет16 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа16 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија19 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа19 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет20 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет20 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија21 час

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија22 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија1 ден

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија1 ден

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија1 ден

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...