Контакт

Вести

Ирачките сили ги потиснаа џихадистите од западниот град Хит

Објавено пред

Ирачките сили за борба против тероризмот со поддршка на локалните шиитски милиции и воздушните удари на меѓународната коалиција предводена од САД, влегле во центарот на градот Хит, во западниот дел од земјата, потиснувајќи ги борците на екстремната сунитска група Исламска држави, објави во петокот државната телевизија.

dobivaj vesti na viber

Локален командант изјави дека провладините сили ги потиснале џихадистите од нивното упориште Хит, каде пред војната живееле околу сто илјади луѓе, но дека борбите продолжуваат.

„Сé уште ги гониме. Ги напуштија своите семејства и побегнаа. За неколку дена, ако даде Господ, Ирачаните ќе го прослават целосното ослободување на покраината Анбар“ во која е градот Хит, изјавил во директниот телевизиски пренос командантот, пренесе Press TV.

Државната телевизија извести дека ирачките безбедносни сили успешно евакуирале повеќе до 10.000 цивили од градот во изминатите неколку дена.

Воени извори рекле, пак, дека џихадистите подметнале експлозив на патиштата, како и во автомобили и во гради, што дополнително го отежнува напредувањето на владините сили на улиците на Хит.

Со ослободување на Хит, стратешки важна локација на реката Еуфрат,во близина на воздухопловната база Аин ал-Асад, каде се разместени повеќе стотина американски војници кои ги обучуваат ирачките сили, Исламската држава ќе биде потисната позападно кон сириската граница.

Ирачките владини сили последните месеци успешно ги потиснуваат борците на Исламската држава и ветија дека до крајот на годината ќе го ослободат Мосул, вториот по големина град во земјата, кој е дефакто главен град на териториите што ги контролираат во Ирак, иако офанзивата којашто требаше да биде првата фаза од таа кампања беше сопрена оваа седмица./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави Митева

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави портпаролката на Владата Марија Митева. -Во овој момент...

Македонија2 часа

Се „чешла“ документацијата и се проверуваат сите објекти од јавен карактер низ државата

Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнаа со вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем...

Македонија4 часа

„Дурмо турс“ во чиј автобус загинаа 14 патници пак работи „на диво“, полицијата казнуваше превозници

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен...

Македонија5 часа

За пет часа поради низа неправилности, затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Во полициска контрола извршена вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, во 16...

Македонија6 часа

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“

„Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе, а и ти ми требаш мене… Јана за 7 дена порасна...

Регион7 часа

Двајца од тешко повредените во Кочани кои се во Белград дишат со машина, на дел од хоспитализираните ќе им се пресадува кожа

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочанисе лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од...

Македонија7 часа

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по...

Македонија9 часа

Бројот на критични пациенти од пожарот во Кочани се намалува, но им претстои долга борба на опоравување

Неколку дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се намалува бројот на критичните пациенти кои се лекуваат во...

Македонија20 часа

Се откриваат скандали во градежништвото, од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три...

Македонија20 часа

За трагедијата во „Пулс“ тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор

Определена е мерка 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои основното Јавно обвинителството во рамки на истрагата бараше...

Македонија1 ден

Клековски: Состојбата на пациентите се подобрува, но уште постои ризик од инфекции

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена,...

Македонија1 ден

Таравари: Шест пациенти од пожарот во Кочани се во многу критична состојба

Во земјава моментално се лекуваат 54 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во текот на вчерашниот ден...

Македонија1 ден

12 осомничени за трагичниот настан во Кочани се во притвор во затворот во Куманово

Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот. Во моментот, во...

Македонија1 ден

Мицкоски го посети семејството на починатиот возач од Брзата помош кој цела ноќ спасуваше деца

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја посети сопругата и семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата...

Македонија1 ден

Муцунски најави дека идната недела ќе се вратат дома дел од тешко повредените пациенти кои се лекуваат во странство

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена...

Топ1 ден

Во денови на жалост ечела музика во угостителски објекти во Центар, приведени се двајца

Полицијата лишила од слобода  две одговорни лица во угостителски објекти на подрачјето на Центар затоа што пуштале музика и не...

Македонија1 ден

За еден месец во земјава гореле 484 пожари, најмногу се од палење стрништа

Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор. Сите...

Свет1 ден

(Видео) Турција гори, илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир трета ноќ по ред. Тие бараат ослободување на градоначалникот на...

Свет1 ден

(Фото) Живо извлечено детето од авионот кој се запали во Германија, таткото загина

Мал авион во кој според првичните информации биле пилотот и неговата шестгодишна ќерка, вчера се урнал на нива недалеку од...

Македонија1 ден

За трагедијата во Кочани со 59 жртви осомничени се 34 лица

Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако вчера државниот јавен обвинител...