Вести
Ирачките сили го оневозможија снабдувањето на џихадистите во Рамади

Ирачките сили помогнати од шиитските доброволци и локалните милиции го прекинале последниот правец за снабдување на важното упориште на екстремната сунитска организација Исламска држава, западниот град Рамади, откако од џихадистите го освоија клучниот мост, објавија во четвртокот ирачки воени функционери кои додаваат дека е заземена повеќе од половината од областа која беше под контрола на милитантите.
Портпаролот на ирачките сили за борба против тероризмот во вторникот изјави дека се ослободени 22 населби од вкупно 39 во областа на Рамади, главниот град на западната покраина Анбар. Борците на Исламската држава го заземаа во мај, кога им нанесоа голем удар на владините сили и напорите да се протераат од северот и западот на Ирак.
Заземањето на мостот Палестина на реката Еуфрат значи дека ирачките сили го опколиле градот и се очекува дека наскоро ќе тргнат во постепено чистење од џихадистичките борци на квартовите на Рамади.
Премиерот Хајдар ал-Абади вети брза офанзива за ослободување на градот, но таа беше забавена поради минирањето на околината, недостигот од борци поради недостиг од пари и опрема која Вашингтон не ја испорача стравувајќи да не падне во рацете на исламистите, и строгите правила под кои САД ги изведуваат воздушните напади чиј интензитет изминатиот период значително ослабе.
Амир ал-Шовали изјави за локалните медиуми дека провладините сили ги потиснале џихадистите, принудувајќи ги да се повлечат во централните квартови на градот. Според него, 50 до 100 терористи на Исламската држава се убиени во новите нападите во четвртокот, како и возила и магацини за муниција.
Други функционери изјавиле дека ирачките сили целосно ја исчистиле од милитантите од една од клучните области во Рамади, со површина од пет квадратни километри, и притоа биле ослободени 22 цивили кои џихадистите ги држеле како жив штит.
Ирачките провладини сили успеале да повратат простори од Исламската држава кои биле од нејзините главни упоришта, вклучително и градовите Тикрит и Баиџи во покраината Салхудин, по што продолжи со операцијата за ослободување на Рамади.
Мисијата на Обединетите нации за помош на Ирак објави дека вкупно 714 Ирачани загинале, а 1.269 се ранети во терористички напади, насилствата и вооружените судири само во октомври. Повеќе од жртвите се регистрирани во главниот град Багдад, каде се убиени 298 цивили./крај/мф/сн
Извор: Reuters/Press TV
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.