Контакт

Вести

Ирачките сили повратиле од IS голем дел на Рамади

Објавено пред

Ирачките сили освоиле во вторникот голем дел од Рамади, главниот град на западната покраина Анбар, сто километри западно од ирачката престолнина Багдад, кој од мај годинава беше целосно под контрола на екстремната сунитска група Исламска држава (IS), соопшти тамошното министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Преземањето на секторот Та’мим, југоисточниот дел од Рамади, претставува голем успех на ирачките антитерористички сили кои од пред неколку месеци започнаа офанзива за да ја вратат контролата врз Рамади, што би им овозможило натаму да ги истиснат џихадистите од целата покраина Анбар.„Нашите сили денеска целосно го ослободија секторот Та’мим, по силната битка против Даеш (арапска кратенка за Исламската држава во Ирка и Шам/Медитеранот –з.р.)“, изјавил за AFP портпаролот на ирачките антитерористички сили, Сабах ал-Номан.Според соопштението на ирачката армија, во вторникот нејзините единици, исто така, успеале да го заземат и северниот приод кон градот до големиот воен камп на Исламската држава во Рамади, каде што порано бил командниот центар на операцијата за ослободување на Анбар.Се наведува и дека десетици џихадистички борци биле убиени во слична операција во регионот Хусајбах, на истокот од покраината Анбар, а биле уништени и шест утврдени засолништа на терористите.По ненадејната офанзива од јуни 2014 година, Исламската држава освои големи подрачја на Ирак, меѓу нив и Мосул вториот по големина град во земјата. Претходно беше заземан и градот Фалуџа, во покраината Анбар, најголемата во Ирак, бастион на сунитските бунтовници.Во контраофанзивата на ирачките владини сили, помогнати од шиитските доброволци и локалните сунитски милиции, беа освоени некои од главните засолништа на џихадистите, како градовите Тикрит и Баиџи во покраината Салахудин, а операцијата продолжува за чистење на Анбар и на северната покраина Нинева. Исламската држава претрпува порази и на северот од Анбар, каде што силите на ирачките Курди – пешмергите, во ноември го заземаа градот Синџар. Целта на офанзивите во Синџар и Рамади, како и други области во Анбар, е да се пресече поврзаноста на правците на Исламската држава со областите кои се под нејзина контрола во соседна Сирија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Боинг мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртва од авионската несреќа

Поротата на федералниот суд во Чикаго во средата наложи Боинг да исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на...

Свет16 минути

(Видео) Трамп потпиша договор: се стави крај на најдолгата блокада на владата на САД во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се става крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД,...

Свет13 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија16 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија18 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија18 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија21 час

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија21 час

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура22 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија22 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет22 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија22 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет22 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет23 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет23 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа1 ден

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет1 ден

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет1 ден

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија1 ден

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија2 дена

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...