Контакт

Вести

Ирачките војници одбиле напад на IS врз база со американски маринци

Објавено пред

Ирачките сили успеале да одбијат напад на борците од терористичката организација Исламска држава (IS) врз воздухопловната база Аин ал-Асад, каде што се сместени повеќе до 300 американски маринци, кои во Ирак беа распоредени во септември 2014 година како воени инструктори за справување со сунитските џихадисти кои минатото лето со ненадејна офанзива заземаа големи области во земјата.

dobivaj vesti na viber

Информацијата за Reuters ја потврдиле американски и ирачки официјални претставници, а од ирачкото министерство за одбрана додале дека безбедносните сили успеале да го одбијат нападот и потоа да ја повратат безбедноста на воздухопловната база. „Коалициските сили беа на неколку километри од местото на нападот, и тие во ниеден момент не беа загрозени од дејствијата“, изјавил за агенцијата неименуван ирачки функционер.

Претходно во петокот беше објавено дека борците на екстремистичката организација Исламска држава ја нападнале воздухопловната база Аин ал-Асад во западниот дел на Ирак, во којашто се распоредени повеќе од 300 американски маринци. Телевизијата Sky News Arabia, повикувајќи се на воени извори, објави дека во судирот биле убиени шест џихадисти, кои пред нападот интензивно со минофрлачи ја гранатирале базата.

Претходно Исламската држава освоила поголем дел од градот ал-Багдади, во чијашто близина е споменатата воздухопловна база, чијашто опсада траеше неколку месеци. Информацијата за заземањето на градот ал-Багдади во петокот за ирачката новинска агенција Ihbariyya ја потврди шеикот на локалното сунитско племе Алббу Намир.

Провинцијата ал-Анбар, инаку, се граничи на запад со Сирија и Јордан. Во неа се наоѓаат градовите Фалуџа и Рамади кои беа први нападнати од Исламската држава уште на почетокот од 2014 година. Досега повеќе од две третини од оваа провинција се наоѓаат под контролата на џихадистите, а секојдневно се водат борби со ирачките безбедносни сили./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Израелската армија тврди дека Иран испукал нови ракети, Техеран негира

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија по прогласувањето на прекинот на...

Македонија58 минути

За една година двојно зголемен бројот на пријавени убиства во Македонија, покажува извештајот за работата на обвинителствата

Зголемен беше обемот на работа на јавните обвинителства во текот на 2024 година, покажа Годишниот извештај за работата на обвинителствата,...

Македонија2 часа

Извештајот на Вајц за напредокот на Македонија денеска пред европратениците

Европскиот парламент денеска ќе гласа за Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц. Извештајот првично требаше да...

Свет2 часа

Израел: Се согласуваме на примирје

Владата на Израел утрово потврди дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп....

Македонија3 часа

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во делови од Македонија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во југозападните делови Македонија. Според...

Свет3 часа

Tрамп објави прекин на огнот: „Примирјето е во сила, ве молам не го кршете“

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран. „Примирјето сега...

Македонија12 часа

Да го урнеме системот на бандитизам од политички и бизнис структури кои функционираат во широки коалиции, порача Мицкоски

Измина една цела година, на предизвици, на тешка, посветена и макотрпна работа. Во секој еден ден од овие изминати 365...

Македонија14 часа

Македонските граѓани во Израел, Катар и ОАЕ за сите прашања да се обратат до надлежните амбасади, МНР со апел да не се патува кон земјите од тој регион

По последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот,...

Регион14 часа

Европскиот парламент нема надлежност да изразува мислење за прашања како што се идентитетот, јазикот, вели бугарскиот министер Георгиев

Ниту еден обид за заобиколување на консензусот од 2022 година за Северна Македонија нема да биде успешен. Европскиот парламент нема...

Свет15 часа

(Видео) Иран нападна американски бази во Катар со балистички ракети

Иран ги нападна американските воени бази во Катар, пренесува „Аксиос“. Американските претставници претходно денес изјавија дека се очекува напад врз...

Свет16 часа

Трамп до Медведев: Не го употребувајте лесно зборот „нуклеарен“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му рече на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, да не...

Македонија16 часа

По најавите за претстојниот топлотен бран, ИЈЗ со препораки за заштита на граѓаните

Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи...

Македонија20 часа

Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и...

Македонија21 час

Мајка и нејзините три деца ќе бидат евакуирани од Тел Авив со лет до Грција, МНР апелира да не се патува на Блискиот Исток

Мајка и нејзините три деца утре ќе бидат евакуирани од Тел Авив и со авион пренесени до Атина, во рамки...

Македонија23 часа

Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло...

Свет1 ден

Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот непријател направи голема грешка, мора да биде казнет

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али...

Македонија1 ден

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со...

Македонија1 ден

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода во домовите, алармираат студентите

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и...

Топ2 дена

Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради...

Свет2 дена

Иран: Ние претрпевме штета, но нашето нуклеарно знаење не може да биде уништено

По американските напади во неделата, Иран смета дека неговото знаење во нуклеарната технологија не може да биде уништено. „Треба да...