Контакт

Вести

Ирак ги доби првите руски борбени авиони, помош најавува и Иран

Објавено пред

Ирачката армија во неделата објави дека во земјата пристигнале првите пет руски борбени авиони кои треба да и’ помогнат во борбата против сунитските радикали и џихадисти, а истовремено иранскиот генерал Масуд Џазајери најави дека Техеран е подготвен да му помогне на Багдад со истите методи кои ги примени против сунитските опозициски сили во Сирија.
 

dobivaj vesti na viber

Ирачката армија во неделата објави дека во земјата пристигнале првите пет руски борбени авиони кои треба да и’ помогнат во борбата против сунитските радикали и џихадисти, а истовремено иранскиот генерал Масуд Џазајери најави дека Техеран е подготвен да му помогне на Багдад со истите методи кои ги примени против сунитските опозициски сили во Сирија.

 

„Првата група авиони ’Сухој Су-25’ пристигнаа на ирачка територија, што ќе ги подобри борбените капацитети на ирачките воздушни сили во елиминирањето на тероризмот“, соопшти ирачкото министерство за одбрана, пренесе агенцијата DPA.

Авионите во следните три до четири дена ќе бидат вклучени во операциите и се очекува дека значително ќе ја изменат моменталната незавидна за ирачката армија ситуација на теренот, рекол портпаролот на ирачкото министерство. Багдад во четвртокот објави дека ќе купи десетина борбени авиони од Русија во вредност од над 500 милиони американски долари.

Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во саботата во сириската престолнина Дамаск изјави дека Русија нема „со скрстени раце“ да ја следи офанзивата на џихадистите во Ирак, непрецизирајќи како точни има намера да помогне на ирачката влада. „

„Ситуацијата е многу опасна и се заканува на темелите на ирачката држава“, изјави Рјабков инсистирајќи дека сепак решението на кризата, како во Сирија, така и во Ирак, може да ,го овозможи само „вистинскиот национален дијалог“, пренесе РИА Новости.

Борците на радикалните сунитски сили составени од локалните племенски милиции и групите на поранешните офицери на ирачкиот диктатор Садам Хусеин, задно со џихадистите од Исламската држава во Ирак и на Левантот (ISIL) во првата седмица од јуни започнаа голема офанзива во којшто заземаа големи делови од северен и западен Ирак, начекувајќи ја ирачката армија целосно неподготвена чии припадници пред ги напуштаа позициите пред налетот на бунтовниците. Во меѓувреме владините сили успеаја да ја повратат контролата врз некои области.

Државните медиуми во Багдад јавија дека ирачката армија од саботата покренала голема офанзива против ISIL чија цел е целосно ослободување на градот Тикрит, како и на вториот по големина град во земјата Мосул.

Британскиот сервис BBC пренесува дека владините сили поради жестоките судири морале во меѓувреме да се повлечат во Дијула, 25 километри јужно од Тикрит. Приодот кон градот го отежнуваат големиот број нагазни мини, но според очевидци безбедносните сили продолжуваат со гранатирањето на бунтовничките позиции.

Заменикот началник на Генералштабот на армијата на Иран Масуд Џазајери, за телевизијата al-Alam дал сигнали дека Техеран е подготвен да му помогне на Багдад со преземање поголема улога во борбите против сунитските радикали. Во телевизиската изјава рекол дека иранскиот одговор на ISIL ќе биде „одреден и сериозен“, пренесува Reuters.

„Иран им соопшти на ирачките функционер дека е подготвен да им пружи (…) истата победничка стратегија користена во Сирија против терористите. Со Сирија, исто така, објавивме дека нема да им дозволиме на терористите коишто ги најмија странските разузнавачки служби да владеат и да управуваат со сирискиот народ. Ист пристап ќе имаме и со Ирак“, истакнал иранскиот генерал.

Шиитски Иран вложува многу во помошта на својот регионален сојузник, сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој доаѓа од алавитската заедница која е огранок на шиитите во судирот кој како и во другите арапски земји пред три години започна како наводно политички бунт против децениските владетели, но набрзо прерасна во секташки судир кој според Дамаск го инспирираа и финансираа сунитските држави од арапскито свет и Турција.

Според генералот Џазајери, Иран би соработувал со Ирак во сферата на одбраната, безбедноста, пограничната контрола и утврдувањата. За да му помогне на Багдад, како што рекол генералот, Техеран ќе ја надгледува ситуацијата во регионот како што го правеше „во Сирија и во другите проблематични области во регионот“.

Брзото напредување на радикалните исламистички групи коишто успеаја да завладеат гранични премини кон Сирија, каде што исто така контролираат територии во нивните настојување да го обноват средновековниот калифат кој се протега од Ирак преку Сирија до медитеранскиот брег на Либан, силно ја загрижи меѓународната заедница. Според процените на Обединетите нации во досегашните судири во јуни се убиени повеќе од илјада луѓе, повеќето припадници на шиитскот малцинство и припадници на безбедносните сили кои се масовно егзекутирани од страна на џихадистите на териториите кои ги освојуваат. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет2 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет4 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа4 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија5 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет5 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет6 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет6 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија21 час

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија22 часа

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ1 ден

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија1 ден

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...

Свет1 ден

(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот...

Забава2 дена

(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место,...

Македонија2 дена

Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во...

Македонија2 дена

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Како што...

Македонија2 дена

(Видео) Жената во Гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка, покажа обдукцијата

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена која беше пронајдена почината во атарот на гостиварското село Неготино. Според првичниот наод, таа...

Македонија2 дена

Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за обврските на Израел

Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации за резолуцијата што се однесува на обврските на Израел...