Вести
Ирак: Премиерот најави тужба против претседателот

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики изјави во ненајавениот говор доцна вечерта кон понеделникот дека ќе поднесе тужба против новиот ирачките претседател Фуад Масум поради „очигледно кршење на уставот“.
Ирачкиот премиер Нури ал-Малики изјави во ненајавениот говор доцна вечерта кон понеделникот дека ќе поднесе тужба против новиот ирачките претседател Фуад Масум поради „очигледно кршење на уставот“.
„Денеска пред Сојузниот суд ќе поднесам тужба против претседателот“, изјави премиерот Нури ал-Малики чијашто изјава на полноќ по средноевропско време ја пренесе државната телевизија, пренесува AFP.Малики, чија коалиција на изборите во април освои најмногу пратенички места, го обвинува новиот претседател Фуад Масум дека не го именува премиерот од најголемиот фракциски блок во парламентот, кога истече рокот за тоа
Бројни сили на ирачката полиција, војска и на антитерористичките единици во текот на ноќта биле разместени на стратешките локации во ирачката престолнина Багдад, пренесуваат агенциите. Тие биле распоредени само 90 минути пред премиерот преку државната телевизија да го обвини претседателот за кршење на уставот.
„Распореден е голем број безбедносни сили, полицајци и војници, особено околу Зелената зона“, добро обезбеден кварт во кој се главните државни установи и дипломатски претставништва, изјавил за AFP неименуван висок полициски функционер.
Таквите безбедносни мерки „не де вообичаени и личат на вонредна состојба“, додал. „Многу улици се затворени, како и повеќето од важните мостови. Сето тоа е поврзано со политичката ситуација“, додал еден од првите луѓе на ирачкото министерство за внатрешни работи.
Висок функционер на САД задолжен за Ирак изјави дека ќе му даде целосна поддршка на претседателот Фуад Масум, по најавите за тужба против него од страна на премиерот Нури –ал-Малики, пренесува Reuters. „Му давам целосна поддршка на претседателот Фуад Масум кој е гарант на уставот и на кандидатот (за премиер) кој мое да изгради национален консензус“, порача на Twitter помошникот на американскиот државен секретар, Брет Мекгарк./крај/мф/сн
Извор: Reuters/AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.