Вести
Иран има намера да му одговори на Израел за убиството на генералот

Иран им порачаа на САД дека Израел дека со минатонеделниот хеликоптерски напад во Сирија, во кој беше убиен и генерал на елитната Гарда на чуварите на исламската револуција, ја „минал линијата“ и дека Техеран ќе одговори на тоа, објави во вторникот навечер иранската новинска агенција Irna цитирајќи висок функционер.
„Им кажавме на Американците дека водачите на ционистичкиот режим мора да се подготват за последиците од својот потег“, изјави заменикот ирански министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахијан.
Генералот на иранската Револуционерна гарда Мохамад Алахдади загина заедно со еден од командантите на либанското шиитско движење Хезболах и син на поранешниот воен водач на движењето Имад Мугинијех на 18-ти јануари во хеликоптерски напад врз колона возила на сирискиот дел од Голанската висорамнина/
Израел официјално не го коментираше инцидентот, но висок неименуван израелски безбедносен функционер за Reuters изјави дека израелските сили мислеле дека напаѓаат ниско рангирани герилци.
„Во пораката до Американците им рековме дека ционистичкиот режим ја пречекори црвената линија“, додава Абдолахијан. Според него, пораката преку дипломатските канали им била пренесена на американски функционери.
Иран и САД немаат директни дипломатски односи уште од исламската револуција во 1979 година во Иран, но САД учествуваат во меѓународните преговори со Техеран за иранската нуклеарна програма, а американските интереси во Иран ги застапува швајцарската амбасада.
Зборовите на Абдолахијан наидоа на одек и на комеморацијата за генералот Алахдади одржана во вторникот од паравоената формација Басиџ, која е под покровителство на Револуционерната гарда.„Ционистите мора да знаат дека се поблиску до својата пропаст. Треба целосно да се подготвени на тоа, бидејќи никогаш повеќе нема да имаат мир“, изјави на комеморацијата генералот Реза Нагди, пренесува Irna.
Израел по избувнувањето на граѓанската војна во соседна Сирија во март 2011 година, којашто во меѓувреме се претвори во секташка војна меѓу синутската опозиција, радикалните сунитски групи како Исламската држава и Фронтот ан-Нусра, од една страна, и војските на претседателот Башар ал-Асад кој е алавит (шиити), неколкупати изведуваа воздушни напади во оваа земја. Официјално не ги потврдуваат таквите напади, но редовно неименувани функционери ги брифираат медиумите дека се напаѓаат конвои со оружје кои наводно Хезболах ги добива од Иран, а ова либанско движење во сириската војна се бори на страната на Асад./кра/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.