Вести
Иран оптимистичен по разговорите со ЕУ

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф оптимистично верува дека ќе биде постигнат договор за нуклеарната програма и покрај новиот круг американски санкции, изјави по разговорите во понеделникот во Брисел.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф оптимистично верува дека ќе биде постигнат договор за нуклеарната програма и покрај новиот круг американски санкции, изјави по разговорите во понеделникот во Брисел.
САД најавија во петокот низа нови мерки против поединци и компании коишто наводно му помагаат на Иран да ги заобиколи меѓународните санкции и продолжува да ја развива својата нуклеарна програма за којашто Западот се сомнева дека ја прикрива неговата нуклеарна воена амбиција. Техеран, пак, упорно тврди дека развивањето нуклеарна технологија е негово суверено право, како и дека неговата програма за збогатување ураниум има чисто цивилни намени, за добивање нуклеарна енергија и во медицински истражувања.
„Однесувањето на некои земји, вклучително и на САД, при наметнувањето на новите санкции, не е баш најпозитивниот сигнал“, изјави шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф, меѓутоа додаде дека е „поприлично оптимист“ и верува дека тоа прашање ќе биде решено до поставениот рок.
Групата „пет плус еден“, којашто ја сочинуваат петте постојани членки на Советот за безбедност при ОН – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија, треба да го започнат новиот круг преговори со Иран кон средината на септември на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, за да биде постигнат договор до истекот на договорениот рок на 24-ти ноември.
„Постојат пречки. Меѓутоа, сеедно, одлучивме да напредуваме (…) Ќе дадеме сé од себе“, изјави Зариф по средбата со шефицата на дипломатијата на Европската унија, Кетрин Ештон во Брисел, пренесува DPA.
Преодниот договор меѓу Иран и групата стапи на сила на 20-ти јануари годинава, а во јули беше продолжен за уште четири месеци и во овој рок преговарачите треба да го договорат конечниот договор со кој би се гарантирал цивилниот статус на иранската нуклеарна програма во замена за целосно укинување на меѓународните санкции кои речиси цела деценија ја задушуваат иранската економија. Двете страни во моментов не се согласуваат околу обемот и нивото на збогатувањето на ураниумот и роковите за укинување на меѓународните санкции.
Во понеделникот доцна вечерта, Зариф разговараше со белгискиот колега Дидие Раиндерс и за судирите во Ирак и во Сирија, при што се согласија дека сите земји треба да ги здружат силите против порастот на екстремизмот и тероризмот кои се закануваат на целата меѓународна заедница./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.