Контакт

Вести

Иран ослободи американски затвореници, се очекува укинување на санкциите

Објавено пред

Иран во саботата ослободи четворица Американци, вклучително и новинарот на The Washington Post во рамките на размената на затвореници, истовремено додека дипломатите се собираат во австриската престолнина Виена за, како што се очекува, укинување на санкциите и враќањето на земјата со 80 милиони жители на меѓународната сцена.

dobivaj vesti na viber

Иранската државна телевизија објави дека во саботата се ослободени Џејсон Резијан, Амир Хекмати, Саид Абедини и Норсатолак Косрави. Триесет идевет годишниот Резијан, уредник на иранското дописништво на The Washington Post беше уапсен во 2014 година и осуден за шпионажа. Неговиот случај беше особено голема пречка во американско-иранските односи.

Иранската новинска агенција Irna пренесе дипломатска информација дека и САД наскоро на слобода ќе пуштат седум Иранци. Стејт департментот тоа сé уште официјално не ја потврди оваа информација.

Размената на затвореници се случува во моментите кога се очекуваше почетокот на примената на нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили и истовременото укинување на меѓународните санкции против Техеран.

Се очекува дека во саботата вечерта Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) треба во Виена да објави дека Иран ги исполнил обврските од договор постигнат минатото лето токму во австриската престолнина, според кој се обврза да ја ограничи својата нуклеарна програм во замена за укинување на санкциите на ОН, САД и ЕУ.

Веста за размената на затворениците пристигна откако иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјави дека очекува укинување на санкциите во сабота. Тој во Виена веќе имаше во тој момент одржано две посебни средби со американскиот државен секретар Џон Кери и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини.

Укинувањето на санкциите би значело одмрзнување на милијарди долари од иранските сметки во странство и повторните испораки на иранската нафта на меѓународните пазари./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска за време на самитот на НАТО во Хаг,...

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова: Куса средба со Трамп – симболичен гест на почит и партнерство

Претседателктата Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на самитот на НАТО во Хаг се сретнала со американскиот претседател Доналд Трамп. „Кратка средба...

Македонија11 часа

Институциите до работодавачите: Да се работи од далечина каде што е изводливо, работниците да не бидат надвор од 11 до 17 часот

Министерството за економија соопшти дека во согласност со усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на Акцискиот план...

Македонија12 часа

Адвокатот на Ѓорчевски: Нема одговор зошто беше киднапирана и убиена Вања, и зошто се инсистираше татко и’ да е дел од постапката

Владимир Туфегџиќ – адвокатот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски ја коментираше денешната ослободителна пресуда за неговиот клиент,...

Македонија13 часа

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека помагал...

Свет13 часа

Трамп: Ако не ги уништeвме нуклеарните комплекси на Иран, тие никогаш немаше да се согласат на мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференција за време на самитот на НАТО во Хаг изјави дека американските воздушни напади...

Македонија15 часа

Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, таткото ослободен од обвинение

Кривичниот суд пресуди доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов за грабнување и за убиството  на 14-годишната Вања...

Свет15 часа

Белата куќа: Извештајот за нападот врз Иран на „Си-ен-ен“ му го даде анонимен губитник од низок ранг

Американските медиуми објавуваат дека првичната проценка направена од Агенцијата за разузнавање на Министерството за одбрана на САД (DIA) покажала дека...

Свет15 часа

Американски разузнавачки служби го открија извештајот: Нападите не ја уништија нуклеарната програма на Иран

Нападите на американската војска врз три ирански нуклеарни објекти минатиот викенд не ги уништија клучните компоненти на нуклеарната програма на...

Македонија15 часа

Евакуирани македонски државјани од Израел, мајка и три деца слетаа во Атина

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека вчера беше реализирана евакуација на четири македонски државјани, односно едно семејство...

Македонија16 часа

Филипче до Мицкоски: Најлошото допрва доаѓа

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и...

Македонија17 часа

Изгаснат пожарот во Трубарево што ги труеше жителите на Гази Баба и Аеродром

По девет часа интензивна работа и посипување на повеќе од 40 камиони земја на локацијата во Трубарево, повеќе нема бел...

Македонија18 часа

Во Кривичниот суд ќе биде изречена пресуда за убиството на Вања и Панче

Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за убиството  на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски, случај...

Свет1 ден

Иран објави крај на војната

Иранскиот претседател, Масуд Песекијан, денес објави крај на 12-дневната војна со Израел во порака до нацијата и рече дека не...

Свет1 ден

Лавров: Неправедно е да се каже дека конфликтот меѓу Израел и Иран е сличен на нашиот со Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека е погрешно да се споредува израелскиот напад врз Иран со конфликтот...

Свет1 ден

Нетанјаху му ветил на Трамп дека ќе се воздржи од понатамошни напади врз Иран

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска му рече на американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор, дека ќе се воздржи од...

Македонија1 ден

Меџити: Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за државата

Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за државата, изјави вицепремиерот, Изет Меџити и додаде дека Владата на денешната седница го...

Македонија1 ден

Работа од дома и ослободување на бремените жени препорача Владата поради топлотниот бран

Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на мерки за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на...

Македонија1 ден

(Видео) Усвоен предлог-законот за правична застапеност, Мицкоски очекува администрацијата да биде вистински сервис на граѓаните

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од...

Македонија2 дена

Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените сојузници во европскиот парламент, велат од СДСМ

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за...