Вести
Иран сака да се сочува единството и територијалната целост на Сирија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/a89ceb38-19c6-4115-96d9-d42bef44ee08.jpg)
Министерот за надворешни работи на шиитски Иран, Мохамад Џавад Зариф, чија земја го поддржува сирискиот претседател алавит (шиит) Башар ал-Асад, изјави во саботата дека би требало да се почитува и сочува единството на Сирија и нејзината територијална целост.
Зариф престојува во посета на Турција, голема сунитска регионална сила која во сирискиот конфликт ја поддржува тамошната сунитска вооружена опозиција, на разговори за политичките разлики во врска со војната во Сирија и поттикнувањето на меѓусебната трговија. Станува збор за возвратна посета на шефот на иранската дипломатија, откако на 5-ти март турскиот премиер Ахмет Давутоглу го посети Техеран.
„Силно веруваме дека како соседи на Сирија, Иран и Турција можеме да соработуваме за да се постигне мир во Сирија. Подготвени сме да му помогнеме на сирискиот народ да одлучи за судбината на својата земја“, изјави Зариф на прес-конференцијата по средбата со турскиот министер за внатрешни работи Мевлут Чавушоглу.
Надежите во напредок на сириските мировни преговори во Женева се слаби по повеќе од двете седмици запирање на непријателствата и руското повлекување на дел од своите сили од земјата.
Владата на Асад ја исклучи идејата за воведување федерален систем во Сирија, откако еден руски функционер рече дека можеби тоа би можело да биде моделот за идното уредување на земјата. Таквата идеја ја навестија на своевиден начин и сириските Курди кои прогласија свој посебен ентитет на северот од Сирија.
Турција, чиј судир со забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) се интензивираше последните месеци, како и Русија и САД, го отфрли објавувањето на воспоставување на федералниот регион во областите кои ги населуваат и кои ги заземаа од исламистичките бунтовнички групи во северна Сирија.
„Тие сакаат да ја поделат Сирија. Со Иран ја поддржуваме територијалната целост на Сирија“, изјави Чавушоглу на прес-конференцијата.
Иако Анкара и Техеран и натаму имаат дијаметрално спротиставен став околу судирот во Сирија, шефовите на дипломатиите на двете земји изјавија дека двете страни сакаат да ги подобрат односите кои можат да придонесат за воспоставување мир и стабилност на Блискиот исток.
Зариф навести дека економската соработка ќе биде високо на дневниот ред на разговорите откако Иран минатата година го постигна нуклеарниот договор со свеските сили, со што му се укинати децениските меѓународни санкции.
Зариф во текот на посетата на Турција ќе се сретне и со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и со премиерот Ахмет Давутоглу./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.