Контакт

Вести

Иранскиот врховен водач бара повеќе збогатување ураниум

Објавено пред

 Иранскиот врховен верски водач ајатолахот али Хамнеи изјави дека неговата земја мора значително да го зголеми бројот на центрифугите за збогатување на ураниумот, што се смета за продлабочување на јазот меѓу Иран и западните земји непосредно пред истекот на крајниот рок за постигнување на сеопфатниот договор за контроверзната иранска нуклеарна програма.

Иран и шесте светски сили, петте постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија, за иднината на иранската нуклеарна програма, бидејќи сами одлучија дека крајниот рок за тоа е 20-ти јули.Капацитетите за збогатување ураниум се централните и најтешки од овие преговори. Иран, откако се согласи на отстапките за збогатување ураниум до 20 отсто што се смета за преоден момент кон изработката на нуклеарно оружје, инсистира на тоа дека мора да ги прошири своите капацитети за збогатување до 5 проценти за неговата планирана мрежа нуклеарни централи за производство електрична енергија. Западните земји преку споменатата ткн група „пет плус еден“ сакаат официјален Техеран да ги намали капацитетите за да не дојде во можност да произведе нуклеарна бомба.„Нивната цел е ние да прифатиме капацитети од десет илјади работни единици за сепарација (SWU), што претставува еквивалент на десет илјади центрифуги од постариот тип коишто веќе ги имаме. Нашите функционери велат дека ни се потребни 190 илјади центрифуги. Можеби не денес, но за две до пет годни тоа е апсолутната потреба на оваа земја. Ги започнаа преговорите за петстотини центрифуги SWU, минаа на илјада, а сега сакаат да не наговорат да прифатиме десет илјади SWU“, изјави иранскиот ајатолах Али Хамнеи во соопштението објавено на неговата интернет страница.Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма има исклучиво цивилни цели, односно за производство на електрична енергија и за медицински истражувања, како и дека нем намера да произведе нуклеарно оружје од што стравува Западот, но истакнува дека негово неприкосновено право како држава е да има нуклеарни постројки. Во моментов во Иран има повеќе од 19 илјади центрифуги за збогатување ураниум. Главно тоа се постројките IR-1 од постарата генерација, а десетина илјади од нив работата на зголемување на концентрацијата на ураниумовиот фисиски изотоп U-235.Кога во 2006 година Обединетите нации првпат по инсистирање на Западот воведоа санкции за Иран, само што започна само тестирањето на првите неколку стотици центрифуги. Оттогаш Техеран брзо го зголемуваше нивниот број до 24-ти ноември 2013 година кога со преодниот нуклеарен договор меѓу Иран и шесте светски сили тој процес беше сопрен./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 минути

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ19 минути

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово-Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово-Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе „мерцедес спринтер“,...

Македонија50 минути

Казна за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица кои не биле од исто семејство

Обвинителството предложи казни за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион2 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија2 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион3 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија3 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион13 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион14 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион15 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет17 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион19 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија20 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија20 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија23 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион23 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион23 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион24 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет1 ден

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Досие