Контакт

Вести

ИС објави водич за сексуално злоставување

Објавено пред

Екстремистичката група Исламска држава (ИС) објави водич со упатства за апсење, казнување и силување на жени кои не веруваат во екстремното толкување на исламот во коишто има и оправдувања за силување на деца, објави Раша тудеј.

dobivaj vesti na viber

Насловот на водичот којшто е објавен на 3 декември гласи „Прашања и одговори за заробеници и робови“. Памфлетот на англиски го превел Институтот за истражување на медиуми на Блискиот Исток, невладина организација со седиште во Вашингтон.Во документот, кој го толкува Исламот на изопачен, средновековен начин, се објаснува на кој начин треба да се однесуваат кон заробените жени, со оправдување дека се работи за немуслиманки.Според водичот, дозволено е да силуваш робинка штом е под твоја „власт“, како и да имаш сексуален однос со робинка која сè уште не е во пубертет, но е способна за однос. „Дозволено е да тепаш робинка ако е во прашање дисциплинска мерка, но забрането е кршење на коски, претепување од задоволство или мачење. Исто така, забранети се удари по лицето“, пишува во документот.Бегството од господарот е окарактеризирано како најголем грев којшто може да го направи робот. Памфлетот се појави речиси во исто време со информации за младите британски муслиманки кои преку социјалните мрежи се фалеа дека се приклучиле кон женската полиција на Исламската држава, озогласена поради претепувањето и управувањето со јавните куќи во кои работат илјадници јазидски жени, купени по цена од по 42 долари.ИС смета дека Јазидите се обожаватели на ѓаволот, што според нивните уверувања ги прави полоши и од христијаните и евреите, кои за разлика од Јазидите, може да се спасат од заложништво ако плаќаат месечен надоместок. Јазидите живеат на северот од Ирак и североистокот на Сирија. ИС има и ценовник за робинки, чија вредност зависи од нивната старост. Жена стара меѓу 40 и 50 години чини 43 долари, девојчињата меѓу 10 и 20 години 125 долари, а дете помладо од девет години 166 долари, јавува Раша тудеј.Руската телевизија потсетува дека ИС грабнале 2.500 жени, а уште 4.600 се водат како исчезнати./крај/тј



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Мицкоски на самитот на лидерите во Тирана: Одлична можност за зајакнување на напорите за приближување кон ЕУ

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Тирана, Албанија, присуствува на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“. „Овој значаен собир претставува...

Свет1 час

Трамп силно го притиска Зеленски: бара предавање територии и двојно помала војска

Соединетите Американски Држави вршат силен притисок врз Украина што е можно поскоро да го прифати мировниот план што администрацијата на...

Македонија2 часа

ЦУК: Поради обилните врнежи зголемени се водостоите на реките, на некои места има излевања, поплавени се куќи и штали, има и одрони на патиштата

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија издвојува најмногу средства за правосудството, а добива најмалку резултати

Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата,...

Македонија3 часа

Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти

Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ....

Македонија3 часа

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго...

Европа4 часа

Жестоки експлозии во украински град: руски насочувани бомби убија пет лица

Во руски ноќен напад врз градот Запорожје загинаа најмалку пет лица, а осум беа повредени, соопштија локалните власти. Регионалниот гувернер,...

Свет5 часа

Објавен планот на Трамп за Украина: Безбедносни гаранции, тампон зона, амнестија…

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина би барал од Украина да се откаже од...

Свет5 часа

Зеленски: Украина ќе работи напорно на мировните предлози

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина ќе работи напорно за да бидат успешни мировните предлози на САД и...

Свет6 часа

(Видео) Трамп навреди новинарка, Белата куќа: Ова ја одразува неговата отвореност

Белата куќа синоќа застана во одбрана на претседателот Доналд Трамп откако тој нарече една новинарка „свиња“, велејќи дека изјавите на...

Свет6 часа

Трамп ги укинува царините на бразилското кафе, говедско месо, какао и овошје

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за укинување на увозните царини за бразилските прехранбени производи, вклучувајќи говедско месо, кафе,...

Македонија18 часа

Го предупредувале газдата за инспекции, а неговиот син давал поткуп за тоа – инспектори и даночни контролори нови осомничени за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”....

Топ21 час

Пациент почина, две лекарки повредени по нагло сопирање на медицинско возило за да избегне судир во центарот на Скопје

Вчера околу пладне во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“...

Економија23 часа

Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади

Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен...

Македонија23 часа

(Видео) Да ги пронајдеме мешетарите што го рушат имиџот на здравството: Мицкоски со најава за сериозни реформи

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу повеќе од ова...

Економија1 ден

Нема промени во делот на наплатата на ДДВ при приемот на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ, извести Минстерството за финасии

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски...

Европа1 ден

Полска го крена нивото на тревога; Министерот за надворешни: Ова не е саботажа, туку тероризам

Полска сè повеќе станува цел на напади. По саботажата на стратешки важна железничка рута, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски...

Македонија1 ден

(Видео) „Јорданов се пишмани – Општина Штип ќе го продаде ‘Дино паркот’ од 800.000 евра на приватен бизнисмен“, велат од партијата Левица

„Штипскиот Дино парк да падне во рацете на приватен бизнисмен преку јавно – приватно партнерство, односно да се издава под...

Свет1 ден

Сопругот на убиената Србинка во САД призна дека го распарчил нејзиното тело

Брајан Волш, маж од Масачусетс на судењето за убиството на неговата сопруга Ана, родена во Србија, во 2023 година, оваа...