Контакт

Вести

IS со видео му се заканува на Њујорк

Објавено пред

Екстремната сунитска  организација Исламска држава (IS) објави видео во кое вели дека Њујорк е потенцијална цел на напад, иако надлежните велат дека нема „специфични и веродостојни закани“.

dobivaj vesti na viber

На видеото прикажан е бомбаш самоубиец како се подготвува за напад, прво прави бомба, па се облекува, а потоа излегува на улиците на Њујорк. Во некои кадри се појавуваат и Хералд плоштад и Тајмс сквер.

Од полицијата велат дека некои делови од снимката се стари, но потврдуваат дека Њујорк и натаму е главна цел на терористите.

Полицијата ќе продолжи да распоредува антитерористичи тимови во Њујорк, затоа што и понатаму се претпазливи и ќе продолжат да соработуваат со Федералното истражно биро (IS), и со службата за разузнавање.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, кој изминатата ноќ со шефот на полицијата Вилијам Братон, одржа заедничка прес-конференција на Тајмс сквер, рече дека „жителите на Њујорк нема да бидат заплашени“.

„Јасно ни е дека целта на терористите е да нé заплашат и да го нарушат нашето демократско општество. Нема да им ги исполниме желбите“, рече Де Бласио.

Братон им порача на граѓаните да не се плашат и дека њујоршката полиција ќе ги заштити. „Нема да бидеме заплашени и нема да живееме во страв“, речеј.

Исламска држава новото видео го објави само неколку дена по нападите во Париз во кои загинаа 129 луѓе.

Во нападите на Њујорк, на 11-ти септември 2001 година, животот го загубија 2.996 луѓе, по што тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш му објави војна на тероризмот./крај/мф/бб

Извор: Associated Press

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ53 минути

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ1 час

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Топ1 час

Претреси во село Гајре во врска со пукањето во Тетово: уапсени четворица, пронајдени предмети

Вчера во периодот од 12:50 до 15:00 часот во село Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената...

Регион2 часа

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...

Македонија3 часа

(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко...

Македонија3 часа

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион4 часа

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија5 часа

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија6 часа

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...

Топ6 часа

Обид за убиство во Виница: маж избоден четирипати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32)...

Свет6 часа

(Видео) Рекорден топлотен бран во Европа – во Италија почина четиригодишно дете

Во топлoтниот бран, кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлотен удар во Италија, шумските пожари се му...

Македонија7 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет години нема ниедно обвинение, ниеден обвинет, ниедно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет8 часа

Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да...

Забава8 часа

(Видео) „Јадранскиот Титаник“ потонал пред 111 години: денес е атракција за нуркачите во близина на омиленото место на Тито

Некогаш најубавиот брод на австриската компанија Österreichischer Lloyd – елегантен, брз и луксузен – лежи веќе 111 години на дното...

Македонија9 часа

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија19 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија19 часа

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...

Македонија23 часа

Стоматолошката комора тврди – нема неправилности, Министерството за здравство ја брани одлуката за преземање на лиценцирањето

Претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на прес-конференција изјави дека повеќекратните контролни надзори не откриле неправилности во работењето на Комората....

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...