Вести
IS во Кобане испрати засилувања, под контрола има половина од градот

Џихадистичката организација СИламска држава испратила засилување во оружје, муниција, опрема и луѓе во курдскиот град Кобане во северна Сирија на границата со Турција, во настојувањата да го заземе целосно имајќи предвид дека во моментов контролира 50 отсто населбите, извести во саботата Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) чие седиште е во Лондон.
Џихадистичката организација СИламска држава испратила засилување во оружје, муниција, опрема и луѓе во курдскиот град Кобане во северна Сирија на границата со Турција, во настојувањата да го заземе целосно имајќи предвид дека во моментов контролира 50 отсто населбите, извести во саботата Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) чие седиште е во Лондон.
Во соопштението на споменатата организација блиска до сунитската политичка опозиција во Сирија, се наведува дек азасилувањата на џихадистите во луѓе, опрема и муниција пристигнуваат од покраините Алепо и Рака, кои се упориште на оваа сунитска радикална организација којашто до 2013 година се бореше заедно со вооружената опозиција која ја има поддршката на другите арапски сунитски земји од регионот и од Западот против силите на владата на претседателот Башар ал-Асад кој е припадник на алавитската (шиитска) заедница во Сирија.
Областа на Кобане (Ајин ал-Араб, на арапски), каде што доминантно е курдското население, повеќе од четири седмици е под опсада на борците на Исламската држава кои настојуваат целосно да го заземат, бидејќи овој трет по големина курдски град во Сирија има стратешко значење и со неговото заземање џихадистите ќе имаат под контрола 400 од вкупно 900 километри долгата граница кон Турција. Џихадистите откако од 6-ти септември заземаа околу седумдесетина села во околината, по неколку дена навлегоа во градот, но засега успеал да стават под своја контрола 50 отсто од неговите населби.
Претходно седмицата, курдските борци соопштија дека ги потиснале џихадистите од повеќе населби во Кобане, и дека Исламската држава контролира само 20 отсто од градот.
Во петок милитантите покренале нова офанзива врз гранични премини северно од Кобане, истрелувајќи врз нив 28 гранати, соопшти телефонски за AFP Идриз Насен, локален курдски функционер./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.