Вести
Исламистите нападнеле со отровен гас во сириски Алепо ВИДЕО
Официјалниот претставник на сириските Курди Рејзан Хеду потврдил за агенцијата Sputnik случаи на труење на цивили и припадници на курдската милиција Единици за одбрана на народот (YPG) со гас, по бомбардирањето на квартот Шејх Мајсуд во градот Алепо, а информацијата за труење со гас на четири лица ја потврдил и доктор од организацијата Црена полумесечина. Потврдено е во петокот дека 23 лица починале од последиците на ваквиот напад, а стотина се повредени.
Курдскиот портпарол Рејзан Хеду изјавил дека некои од затруените се наоѓаат во критична состојба, и оти се згрижени во локалната болница на Црвената полумесечина. Според него, откако експлодирале проектилите истрелани од милитантите, се формирал жолт чад со чуден мирис.
Еден од докторите на Црвената полумесечина изјавил за агенцијата дека во болницата биле донесени четири настрадани од испарувањето на гасот. Тие имале симптоми на грчеви повраќања, кои укажуваат на труење со соединенија кои содржат хлор, додал.
Одговорноста за нападот со гас ја презема бунтовничката групација Џаиш ал-Ислам. „За време на судирите еден од воените команданти на Џаиш ал-Ислам во Алепо употребил забраното оружје“, се наведува во соопштението на оваа бунтовничка група.
Како што соопштуваат од Џаиш ал-Ислам, командантот кој употребил забрането оружје бил предаден на воен суд на организацијата кој донел одлука да биде казнет. Во соопштението се истакнува дека ваквата појава е спротивна од принципите на групата.
Претходно и борците на либанското шиитско движење Хезболах кои во Сирија војуваат на страната на силите на претседателот Башар ал-Асад, соопштија дека ноќта кон понеделникот нивните позиции, исто така, биле нападнати со хемиско оружје, во напад од страна на терористите врз селото ал-Иис , јужно од Алепо.
Сириската курдска милиција YPG ја потврди информацијата дека бунтовничките исламистички групи користат хемиско оружје, додавајќи дека тие наводно дејствуваат под покровителство на Турција. Според Курдите, во таквите напади досега настрадале десетици цивили.
Руското министерство за одбрана, кое во Сирија има свои воени инструктори и стручњаци, во средата соопшти дека џихадистичката терористичка групација Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, ги нападнала курдските милиции од ракетни системи, во областа Ашрафија, по што се обиделе да напредуваат. Во четвртокот исламистите нападнаа позиции на курдските борци во близина на турската граница, пи што на двете страни загинаа најмалку дваесет луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.