Вести
Исламската држава е најбогатата терористичка организација на светот

Екстремната џихадистичка група исламска држава, според процените на експертите најпрофитабилните терористички организации на светот.
Групацијата е основа со помош на донации од сунитските арапски земји од Персискиот залив, меѓу кои се Катар и Кувајт кои се обвинети од многу западни земји дека го овозможуваат дотокот на пари и странски борци за Исламската држава. Меѓутоа, главниот извор на средствата на Исламската држава во моментов е нејзината продажба на нафта и нафтени деривати, сметаат американски функционери. Се проценува дека групата произведува меѓу 25 и 40 илјади барели нафта дневно, од кои поголемиот дел го криумчари на курдската територија во Сирија и во Ирак, а потоа преку границата меѓу Сирија и Турција. Официјална Анкара повеќепати демантираше дека има каква и да е поврзаност со нафтата што илегално ја продава Исламската држава. Американската централна команда проценува дека нафтените рафинерии под контрола на Исламската држава во источна Сирија дневно произведува меѓу 300 и 500 илјади барели нафтени деривати, така што нејзините приходи изнесуваат околу два милиона американски долари на ден.Освен илегалната продажба на нафтата, Исламската држава веќе подолго време собира срества од оданочување на окупираните територии. Даноците се замаат од трговците и сопствениците на малите компании, а и немуслиманите, меѓу кои ги сметаат и шиитите, се принудени да плаќаат дополнителен данок. Според Вашингтонскиот институт, приходите на џихадистите од даноците изнесуваа околу 6,2 милиони долари месечно. Исламската држава, исто така, извела и неколку грабежи, вклучително и кражбата на 400 милиони долари од финансиските институции кога во почетокот на јуни го презема вториот по големина ирачки град Мосул. Според некои информации, џихадистите од трезорите на централната и другите банки во Мосул изнеле околу две милијарди долари. Милитантната групации, наводно, заработила и огромни суми од продавањето на уметнички дела и археолошки експонати на црнито пазар. Исламската држава, покрај тоа, како еден од изворите на финансии ги користи и откупнините за лица кои ги држи во заложништво, но се смета дека многу не полага на тоа како на траен извор на финансии./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.