Контакт

Вести

Истополовиот брак признат вкупно во 32 американски држави

Објавено пред

Американскиот државен обвинител Ерик Холдер изјави дека американската влада ќе ги признае истополовите бракови во уште шест сојузни држави, што значи дека во вкупно 32 американски држави таквите двојки че ги добијат правата кои ги уживаат хетеросексуалните двојки.

dobivaj vesti na viber

На списокот на новите држави се Алјаска, Аризона, Ајдахо, Северна Каролина, Западна Вирџинија и Вајоминг. Највисокиот американски суд дефакто на 6-ти октомври ги озакони хомосексуалните бракови во повеќе американски држава одбивајќи ги жалбигте на пониските судски инстанци кои бараа забрана.Министерството за правосудство смета дека хомосексуалните двојки треба да ги добијат сите права кои им припаѓаат во рамките на социјалното осигурување, како и другите бенефиции.„Забрзано работиме за венчаните хомосексуални двојки што поскоро да ги остварат сите свои права во согласност со федералните закони“, изјави Холдер.До 2013 година, сојузна државата држава не можеше да ги призна истополовите бракови склучени во сојузните држави кои ги легализираат поради сојузниот закон кој Конгресот го изгласа во 1996 година. Меѓутоа во февруари годинава сојузниот суд го укина тој дека од законот наречен Закон за одбран на бракот (Defense of Marriage Act).Претходно Врховниот суд на САД минатата 2013 година донесе одлука сојузните власти да мораат да ги признаат еднополовите бракови склучени во сојузните држави коишто ги легализирале, а американското министерство за правосудство објави во февруари дека ги проширува правата на браковите меѓу лица од ист пол, па тие на пример повеќе нема да мораат да сведочат едни проти други во судските постапки./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа25 минути

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет37 минути

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет47 минути

Иран: Ќе преговараме со САД само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија11 часа

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ12 часа

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ15 часа

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија17 часа

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија18 часа

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ20 часа

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....

Регион21 час

Балканот ќе биде како под вршник, летото ќе биде пеколно, сушно и со екстремни бури

Балканот ова лето ќе се соочи со рекордно високи температури и екстремни временски услови. Долгорочните прогнози најавуваат топло лето и...

Свет22 часа

Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални...

Македонија23 часа

Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жестоко го нападна поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го дека по десет месеци молк, сега...

Македонија24 часа

Утрото ќе биде студено, а денот со пролетни температури до 23 степени

Денешното утро ќе биде студено, но преку ден се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе...

Свет2 дена

Падна договор во Германија, Мерц ќе прави влада со партијата на Шолц

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме...

Скопје2 дена

Марш за женски права во Скопје, жените бараат крај на дискриминацијата

Денеска во Скопје се одржа марш организиран од Платформата за родова еднаквост, со слоганот „Нека јадат ружи!“. Поводот беше Меѓународниот...

Свет2 дена

Жестока караница меѓу Маск и Рубио во Белата куќа, Трамп ја смирил тензијата

На последниот состанок на кабинетот свикан од американскиот претседател Доналд Трамп, дојде до жесток конфликт меѓу државниот секретар Марко Рубио...

Топ2 дена

Ужас во Скопје: Вонбрачен партнер фрлил жена и деца од возило кои 3 дена по ред ги тепал

39-годишна жена и нејзините две малолетни деца се здобиле со тешки телесни повреди во Аеродром, откако биле исфрлени од возило,...

Македонија2 дена

Мицкоски од Свети Николе: По 7 години пустош, конечно Македонија се гради

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по...

Свет2 дена

Трамп повлекува 35.000 војници од важна европска земја

Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги прераспореди во Источна Европа, со акцент на...