Контакт

Вести

Израел: Екс-премиерот Олмерт осуден на затвор поради корупција

Објавено пред

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт е осуден во понеделникот пред судот во Ерусалим на осум месеци строг затвор поради корупција, објавија тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Адвокатите на сега 69-годишниот Ехуд Олмерт, кој беше премиер на Израел во периодот од 2006 година до 2009 година, веднаш најавија дека ќе вложат жална, што го одложува извршувањето на казната.

Инаку Олмерт е прогласен за виновен на 30-ти март, бидејќи примал и криел коверти со десетици илјади американски долари од американскиот бизнисмен Морис Талански. Според обвинувањето, Олмерт злоупотребил најмалку 150.000 од 600.000 долари колку што му исплатил Талански.

На поранешниот израелски премиер веќе му се заканува шестгодишна затворска казна во рамките на друга афера за корупција којашто во моментов е на разгледување во Врховниот суд.

Ехуд Олмерт кон половината на мај 2014 година беше осуден на шест години затвор поради корупција во големата афера „Холиленд” со недвижнини во периодот додека беше градоначалник на Ерусалим, од 1993 до 2003 година, објавија израелските медиуми кои оценуваат дека со тоа се урнати сите шанси тој повторно да се врати во политиката. Освен што е осуден на шестгодишна затворска казна, треба да плати парична глоба од милион израелски шекели, или 210.000 евра.

Со тоа Олмерт стана првиот политичар во израелската историја кој е осуден на реална затворска казна, и доколку не не мине жалбата пред Врховниот суд, ќе биде највисокиот функционер затворени во земјата.

Центристот Олмер, кој како израелски премиер се стекна со меѓународно реноме поради неговите напори за постигнување мир со Палестинците, ја отфрли целата вина во аферата „Холиленд”, комплекс станови. Во пресудата за случајот „Хололенд“ на 50 страници, судијата истакна дека Олмерт, и покрај неговите заслуги за државата, извесно време учествувал во криминални врски и ја искористил службената положба за здобивање со големи парични износи. Казната беше изречена месец ипол откако судот докаже дека Олмерт добил најмалку 560.000 шекели, околу 100.000 евра за помош при реализацијата на проектот за изградбата. Инаку, беше обвинет за примање 759 милиони шекели, или 156.000 евра. Поранешниот градоначалник на Ерусалим не ја признава вината, а неговите адвокати бараа затворска казна од година пол.

Поранешен адвокат, голем љубител на елегантни костуми, скапи цигари, фудбал, добра храна и патувања во странство, Олмерт честопати беше цел на истраги на израелските правосудни органи, но секогаш досега се извлекуваше.

Политичкиот пад на Олмерт започна во септември 2008 година која ослабен поради обвинувањата за корупција но функцијата ја извршуваше до крајот март 2009 година, одби да се кандидира на внатрепартиските избори на својата партија Кадима, од десниот центар, со што всушност отстапи од премиерската функција и беше заменет од актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Олмерт кариерата ја започна како националист во партијата Ликуд за со времето да еволуира кон умерената струја. Така, во почетокот го поддржуваше големиот Израел и екстремните доселеници на палестинските територии на Западниот брег (на регата Јордан) и во појасот Газа, се спротиставуваше на договорите од Кемп Дејвид со Египет од 1978 година, како и на договорот од Осло со Палестинците од 1993 година, за конечно да се согласи со замислата за основање палестинска држава.

„Најубавиот ден во мојот живот беше денот која открив дека бројките се посилни од историјата и географијата на Израел. Открив дека ако тврдоглаво истрајуваме на тоа да задржиме сé, во 2020 година ќе има 60 отсто Арапи и 40 отсто Евреи на територијата на Палестина”, призна Омерт пред неколку години.

Во своите мемоари објавени во 2013 година, поранешната американска државна секретарка Кондолиза Рајс, призна дека се изненадиле кога Олмерт во мај 2008 година тајно и’ предложил на Палестинците да им се вратат 94 отсто од територијата на Западниот брег и да се подели Ерусалим за да стане престолнина на двете држави, еврејската и палестинската.

Олемрт ја водеше изралеската влада од 2006 година, откако неговиот претходник и партиски колега Ариел Шарон доживеа мозочен удар и падна во долгогодишна кома. Тригодишното премиерство на Олмерт кој подоцна се декларираше и како политичар од левиот центар, беше карактеризирано со заживувањето на изралеско-палестинските мировни преговори, како и со Сирија, со Втората либанска војна којашто повеќето Израелци ја сметаат за пораз, и големите операции во палестинската енклава појасот Газа, кога загинаа повеќе од илјада Палестинци./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Македонија2 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет3 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија3 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија4 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион4 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет5 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет6 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет6 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа6 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија22 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија23 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија24 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија1 ден

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа1 ден

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија1 ден

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион1 ден

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет1 ден

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...