Вести
Израел ги обвини ОН дека на група поврзана со Хамас ѝ дале статус на невладино здружение

Израел го обвини Комитетот на Обединетите нации кој ги надгледува невладините организации дека издал акредитации на ОН на здружение за коешто тврди дека во Европа ја поттикнува анти-израелската пропаганда, како и дека е поврзана со палестинската исламистичка организација Хамас.
Израелската мисија при Обединетите нации објави соопштение во коешто ја осуди одлуката на 19-члениот Комитет на ОН за невладини организации да ја одобри молбата за акредитации на Палестинскиот центар за враќање (Palestinian Return Centre – PRC). За одлуката гласале 12 земји, меѓу кои Иран, Пакистан, Судан, Турција, Венецуела, Кина и Куба, додека САД, Уругвај и Израел гласале против. Индија, Русија и Грција биле воздржани, додека претставникот на Бурунди бил отсутен.
Оваа организација има седиште во Велика Британија и негираше дека е поврзана со Хамас и истовремено го обвини Израел дека се обидува да ја обезвредни. Официјалниот статус на невладина организација при ОН на групата PRC ѝ дава пристап до простории и можност да присуствува или набљудува многу настани и конференции ширум светот.
Израел во соопштението наведува дека организацијата PRC ја забранил уште во 2010 година поради нејзина поврзаност со исламистичките милитанти од Хамас, а ја означува како „организациско и координативно крило на Хамас во Европа“, со членови кои вклучуваат и високи функционери на Хамас.
„До денес ОН на Хамас му даде попуст и му дозволи да ги зајакне своите активности“, изјави во соопштението постојаниот претставник на Израел во светската организација Рон Просор. Додаде и дека ОН сега отишле и чекор натаму, давајќи му на Хамас „прослава за добредојде на главниот влез, дозволувајќи му да стане полноправен учесник“.
Од PRC како неосновани ги одбија сите тврдења на Израел. „PRC ќе врачи протесно писмо до Обединетите нации.. против лажните обвинувања од страна на Израел“, се истакнува во објавата на организацијата на интернет страницата, во која се додава дека „не е поврзано со која и да е палестинска партија, вклучително и со Хамас“./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.