Вести
Израел ги замрзна парите на Палестинците кои го обвинуваат за воено злосторство

Израел одлучи да го замрзне месечниот пренос од 106 милиони евра даноци за Палестинската самоуправа откако нивниот претседател Махмуд Абас поднесе барање за пристапување на Меѓународниот кривичен суд (МСК – ICC) со што се создава можноста да тужат израелски челници за воени злосторства, а палестинскиот преговарач Саеб Ерекат ваквиот потег го нарече „воено злосторство“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи по консултациите со своите министри да го замрзне планираниот месечен трансфер на околу 500 милиони израелски шекели, околу 106 милиони евра, за Палестинците. Овие пари се важни за Палестинската самоуправа за исплата на јавните служби и работа на владата.
Ова е прва израелска противмерка откако палестинскиот претседател Махмуд Абас во петокот пред Обединетите нации поднесе барање за членство во Меѓународниот кривичен суд (МСК – ICC) и други меѓународни договори, што Израел го нарече едностран потег кој ги закочува мировните преговори.
„Ова е ново воено злосторство и немаа да им подлегнеме на притисоците“, порача палестинскиот преговарач Саеб Ерекат, по објавувањето на израелската мерка.
Откако во 1993 година беа донесени Спогодбите од Осло за Палестинската самоуправа, Израел собира данок за неа и секој месец и’ го доставува. Тие средства сочинуваат половина од палестинскиот буџет.
Палестинското министерство за финансии најави дека самоуправата ќе има тешкотии во исплаќањето на јавните службеници поради замрзнувањето на средствата. Палестинскиот премиер Рами Хамдалах уште во петокот предупреди дека Израел доцни со исплатата.
Палестинската самоуправа, во согласност со Римскиот статут, би станале странка на МКС во рок од 60 дена по предавањето на барањето. Пополнувањето на барањето за пристапување, кое ги разлути Израел и САД, би му овозможила надлежност ана судот за злосторства сторени на палестинските територии и истрага над палестински и над израелски челници в о повеќедеценискиот конфликт. Ниту Израел, ниту САД не се потписнички на Римскиот статут и членки на Хашкиот трибунал.
Американските функционери предупредија дека палестинското барање за членство во судот чија делокруг е прашањата на воени злосторства и злосторства против човечноста, може да ја загрози помошта од околу 400 милиони долари на годишно ниво.
Освен членството во МКС, Палестинците бараат и статус на потписници на Конвенцијата на ОНА против меѓународно организирано злосторство, Конвеција за право на морето, два дополнителни протокола од Женевската конвенција и Конвенција за касетната муниција .
Нетанјаху претходно седмицава го повика МКС да го отфрли палестинското барање за членство.
Абас ги поднесе барањата до МКС и ОН откако Палестинците, кои во 2012 година го добија статусот земја нечленка набљудувач во ОН. сакаа во Советот за безбедност на ОН да ја протуркаат резолуцијата со којашто во рок од една година би бил постигнат мировен договор со Израел кој потоа во рок од две години би се повлекол во границите од пред војната од 1967 година, односно до Западниот брег (на реката Јордан) и од источен Ерусалим, територии кои меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински земји. По повеќе притисоци Палестинците на крајот предадоа изменет текст за кој гласаше Франција.
Текстот во вторникот беше одбиен, најмногу благодарејќи на лобирањето на САД кои се најголемиот сојузник на Израел. Советот за безбедност на ОН ја отфрли палестинската резолуција со осум гласови „за“, два „против“ и пет воздржани, а за усвојување беа потребни девет гласови. Русија, Кина и Франција, како постојани членки на Советот ја поддржаа резолуцијата против којашто жестоко лобираше Вашингтон. Австралија и САД, гласаа против. Пет држави, меѓу кои Велика Британија, која е постојан член на СБ на ОН и американски сојузник, беа воздржани.
Израелците палестинскиот чекор го нарекоа нож со две сечила, и најавија дека и тие би можеле да обвинат палестински челници, во прв ред исламистичкото движење Хамас коешто владее со енклавата Појасот Газа и кое е ставено на листата терористички организации во Израел и САД, додека во Европската унија е покренат процесот за симнување од таа листа.
Израел го обвинува Хамас дека се користел со цивили како „човечки штит“ во текот израелската офанзива врз појасот Газа во јули/август 2014 година, oХамас тврди дека Израел со нападите врз цивилите во текот на 50-дневната војна во јули и август минатата година, извршил воени злосторства. Во војната во Газа беа убиени околу 2.200 Палестинци, претежно цивили од кои стотина деца, според болнички извори од Газа, додека на страната на Израел се пријавени 73 жртви од кои шест цивилни./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.